Калуѓерица (, Калогерица) – раселено село во Егејска Македонија, Република Грција, во општината Лерин, во областа Западна Македонија. Според пописот од 2001 година селото броело 5 жители, а според оној од 2011 година нема повеќе жители.

Географија Селото се наоѓа на 6 километри југозападно од општинскиот центар Лерин, во источниот дел на Нередска Планина.

Историја Селото се споменува уште во XV век во османските документи како хас со 23 семејства на Мустафа-бег, син на Тургут-бег.Турски документи. Цитирано по:Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας 1886 - 1927 (διοικητικά όρια 1911) Името му доаѓа од разрушениот манастир во неговата близина

Во периодот 1913-1928 година населението достигнало 130 жители. Поголемиот дел од жителите се антигрчки расположение според државната безбедност. Граѓанската војна не повлијаела на демографскиот развој.

Пописи Движењето на населението според спроведените пописи е следно: 1920 - 114 жители 1961 - 131 жител 1971 - 41 жител 1981 – 63 жители 1991 – 15 жители

Наводи

Надворешни врски Официјално семрежно место на општината Лерин

Категорија:Лерин