Елдин Варажалица (роден на 7 август 1990 година во Прибој, Република Србија) — српски ракометар.
Образование Своето основно образование го завршил во ОУ. „Бранко Радичевиќ“, во Прибој ,Србија, а средно образование завршил во Машинско-електотехничка школа во Прибој со титула компјутерски електотехничар. Во моментов студира на Универзитетот „Константин Велики“, во Белград - Менаџер за безбедност.
Спортска кариера Својата спортска кариера Елдин Вражалица ја започнал на 12 години. Првично, тој тренирал фудбал и кошарка, но на 12- годишна возраст започнал да се занимава со ракомет. Прв клуб во кој ги направил своите први ракометни чекори бил клубот РК Прибој од Прибој, Србија. Професионалната ракометна кариера му започнала на 18 години, во сезоната 2008-2009 во клубот РК Прибој.
Поважни клупски настапи Во Европа има настапувано во: 2016 - 2017 сезона со клубот РК Филипос, Грција настапил на квалификациски два меча против клубот РК Будванска ривиера, Будва, Црна Гора во EHF купот.A.C.C. Filippos Verias На првиот меч екипата на РК Филипос победила со резултат од 30:24, а на вториот меч победила со 26:28. 2016 - 2017 сезона со клубот РК Филипос, Грција настапил на два квалификациски меча против клубот РК Забже, Забже, Полска во EHF купот. На првиот меч екипата на РК Филипос загубила со резултат од 30:17 а на вториот меч загубила со 15:20. Со клубот од Грција, РК Филипос, исто така две сезони играл полуфинале во купот на Грција во ракомет. Во македонското првенство во ракомет, со клубот на Охрид, РК Охрид 2013, играл полуфинале во купот на Македонија во ракомет.Тасески и Вражалица: Купот на Македонија шанса што не смее да се пропушти На 14 мај 2016 екипата на РК Охрид 2013 се сретнала со екипата на РК Вардар од Скопје во полуфиналето на Купот на Македонија во ракомет. На истиот, градот Охрид бил домаќин. Останатата двојка полуфиналисти биле екипите на РК Металург од Скопје и РК Вардар Јуниор од Скопје.
2017/2018 сезона, со клубот на РК АЕК Атина, Елдин Вражалица играл финале во ЕХФ Челинџ куп за мажи против клубот на Потаиса Турда од Романија.
Статистички податоци Со 45 погодоци во сезоната 2015/2016 во својот клуб РК Охрид 2013 , Елдин Вражалица бил втор на списокот на стрелците.Ни Вардар ни Металург, најдобриот стрелец во Супер лигата доаѓа од - Радовиш! На 8 февруари 2017 година, од страна на ракометните тренери на Премиер Лигата на Грција во ракомет , Елдин Вражалица бил избран во најдобриот септет на четиринаесеттото коло на лигата во сезоната 2016/2017. Тимот се состоел од: голман: Џорџ Барбас (AСE Дукас), пивот: Един Вражалица (Верија Филип), плејмејкер: Сребрена Јули (Диомидис Аргос), лево крило: Панајотис Стуб (Пан), лев бек: Христос Милонас (AСE Дукас), десно крило: Петрос Кирјаку (Аеропос Едеса), десен бек: Ненад Троумпетас (Диомидис Аргос). За МВП на првенството бил прогласен Панајотис Стуб Панелионис и најдобар дефанзивец Андреас Арапакопулус на AСE Дукас.MVP O ΣΤΟΥΜΠΗΣ (грчки)
Од страна на ракометните тренери на Премиер Лигата на Грција во ракомет , по нивна рационална проценка, на 17 февруари 2017 година, бил избран тимот на најдобрите седумна на петнаесеттото коло на лигата во сезоната 2016/ 2017. На позицијата пивот бил избран Елдин Вражалица од РК Филипос како најдобар на таа позиција во топ- тимот на лигата. Еве кои членови го сочинувале најдобриот тим на колото : голман: Костас Костадинис (Диомедес), Пивот: Елдин Вражалица (Верија Филип) плејмејкер: Фотис Мисаилидис (Диомидис Аргос), лево крило: Пантелис Костакидис (IEK XINIS), лев бек: Панајотис Николаидис (АЕК), десно крило: Garyfallos Bayonne (AСE Дукас), десен бек : Алексис Албански (IEK XINIS).Στην καλύτερη επτάδα της 15ης αγωνιστικής ο Βραζάλιτσα (грчки)
Галерија
Наводи
Категорија:Родени во 1990 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Српски ракометари