Лана Тарнер (), (, — , ) - американска филмска глумицаTurner, Lana. Lana,The Lady, the Legend, the Truth, New York, Eltee Productions, 1982;.
Животопис Во 1958 година, нејзината ќерка Черил Крејн со нож го убила љубовникот на мајка ѝ, познатиот гангстер Џони Стомпаната.HRT, Gradić Peyton, američki film (пристапено на 18.10.2020)
Лана Тарнер починала од рак на грлото, во 1995 година.
Филмска кариера По потпишувањето на договорот со „МГМ“ во својата шеснаесетта година, Тарнер вниманието на јавноста го привлекла во 1937 година со улога во филмот „Тие нема да заборават“. Најпрвин, таа играла споредни улоги во филмовите, како што е „Љубовта го пронаоѓа Енди Харди“ од 1938 година, но во почетокот на 1940-тите почнала да добива главни улоги: „Џони Игер“ (1941), „Зигфилдовата девојка“ (1941 година) и „Ќе те пронајдам некаде“ (1942). Таа е позната како една од првите холивудски глумици која „вреска“ благодарение на нејзината улога во хорор-филмот „Доктор Џекил и господин Хајд“ (1941). Нејзината популарност траела во текот на 1950-тите, благодарение на филмовите „Градот на илузијата“ (1952) и „Гратчето Пејтон“ (1957) кој ѝ обезбедил номинација за најдобра главна улога на Американската филмска академија. Следниот филм на Лана Тарнер бил „Имитација на животот“ (1959), кој година се покажал како еден од најголемите успеси во нејзината кариера. Тарнер поголемиот дел од 1970-тите и раните 1980-ти години ги поминала во пензија, работејќи повремено, а својот последен филм го снимила во 1991 година.
Наводи
Надворешни врски
Lana Turner: Life and Legend Advocate.com, interview of Cheryl Crane (November 26, 2008)
Категорија:Американски глумици Категорија:Родени во 1921 година Категорија:Починати во 1995 година