Ратка Радмановиќ (, Кочани - , ) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.

Животопис Родена во Кочани, најголем дел од кариерата работела во Народниот театар во Битола. Остварила и низа улоги во театрите во Кочани, Струмица, Штип и Куманово. Има остварено низа на впечатливи улоги на сцените на македонските театри особено во Народниот театар во Битола каде долго време и по пензионирањето имала носечки улоги на репертоарот. Радмановиќ остварила дваесеттина улоги на филм, каде остварила главни улоги во: Сенки и Мајки на Милчо Манчевски, Панкот не е мртов на Владимир Блажевски, Трето полувреме на Дарко Митревски, Ослободување на Скопје на Раде Шербеџија и последните Врба и Кајмак на Милчо Манчевски. Радмановиќ посебно е активна по пензионирањето.

Починала во Битола, на 3 октомври 2023 година.

Филмографија Радмановиќ ги остварила филмските улоги: Година Филм Улога 1987 Ѕвездите на 42-та ТВ-филм 1994 Пред дождот ТВ-филм 1997 Преку езерото ТВ-филм Монахиња во Тирана 1997 Џипси меџик ТВ-филм Циганка 2001 Прашина ТВ-филм Бордел 2004 Големата вода ТВ-филм Втората наставничка 2007 Сенки ТВ-филм Калина 2010 Мајки ТВ-филм Бабата 2011 Панкот не е мртов ТВ-филм Милка 2012 Вратите ТВ-филм Старата дама 2012 Трето полувреме ТВ-филм Мајката на Димитри 2013 Само за губитниците ТВ-филм Бабата 2014 До балчак ТВ-филм Бабата на пенџер 2015 Последниот Македонец ТВ-филм Бабата 2016 На Млечниот Пат ТВ-филм Свекрвата 2016 Ослободувањето на Скопје ТВ-филм Баба Вида 2017 Кога денот немаше име ТВ-филм Бабата на Петар 2018 Година на мајмунот ТВ-филм Бабата од селото 2018 На Млечниот Пат ТВ-серија Свекрвата 2019 Врба ТВ-филм Сребра 2021 Небесата горе ТВ-филм Мара 2022 Кајмак ТВ-филм Натка

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Глумици од Кочани Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Југословенски глумци