Константин (Костадин) Белчев (Цапари, - , ) — македонски револуционер, војвода на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.

Животопис Белчев е роден во 1873 година во битолското село Цапари. По професија бил учител. Влегол во редовите на ВМОРО и станал селски војвода. Во мај 1902 година, тој бил уапсен од османлиските власти и лежел во битолскиот затвор Катил хане. Зел учество во Илинденското востание како војвода.

По востанието, тој зел свештенички чин и бил егзархиски ѓакон во Константинопол.Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 18. Починал во Софија, Бугарија во 1945 година.

Наводи

Категорија:Луѓе од Цапари Категорија:Македонски војводи Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Учесници во Илинденското востание Категорија:Македонски свештеници Категорија:Отомански свештеници Категорија:Егзархиски свештеници Категорија:Македонски преселници во Софија