Камотско Море — мало море во состав на Филипините, сместено меѓу Источните и Централните Висаи. Се граничи со островите Лејте на север и исток, Бохол на југ и Себу на запад. Поврзано е со Бисајското Море на северозапад преку Бохолското Море и Канигајскиот и Себуанскиот Проток на југ. Поважни острови во Камотското Море се групата Камотес и Мактан.
Најголеми градови во приморското подрачје се Ормок и Бајбај на Лејте и Себу на Себу.
Категорија:Мориња на Филипините Категорија:Мориња во Тихиот Океан Категорија:Висајски Острови