Рене Домал (француски: René Daumal, роден на во - починал на во ) — француски поет и писател, приврзаник на движењето надреализам.
Биографија
Рене Домал е роден на во , Франција. Неговиот татко бил наставник и државен службеник во Министерството за финансии, посветен на социјализмот и противник на свештенството. Домал заедно со уште свои тројца пријатели во Ремс ја основале групата „Phrères simplistes“, особено инспирирани од Алфред Жари, Артур Рембо и надреалното.
Во доцните тинејџерски години неговата авангардна поезија била објавена во водечките списанија во Франција. Тој е најдобро познат по неговите два романи: „La Grande Beuverie“ и „Le Mont Analogue“.
Рене Домал се оженил со Вера Миланова, поранешната сопруга на поетот Хендрик Крамер, која пак по смртта на Домал, се омажила за архитектот Расел Пејџ. Ненадејна и прерана смрт на Домал од туберкулоза на 21 мај 1944 година во Париз можеби била предизвикана поради експериментите кои ги правел на млади години со дроги и психоактивни хемикалии, вклучувајќи јаглерод тетрахлорид. Тој починал оставајќи го неговиот роман Mount Analogue недовршен, на кој работел до денот на неговата смрт.
Надворешни врски
René Daumal Works Gurdjeiff International Review Holy War Skin of Light and Last Letter to his Wife Poetry Black Poetry White Works by René Daumal (public domain in Canada)
Категорија:Француски писатели Категорија:Француски поети Категорија:Француски надреалистички писатели Категорија:Починати од туберкулоза