Артур Арну (), (, – , ) – француски писател и опозициски новинар. Активен учесник во Париската комуна и член на Првата интернационалаБиографски белешки ..

Животопис Татко му бил приватен професор. После кратка административна кариера, Артур Арну, станал опозициски новинар во Второто Царство.

По прогласувањето на републиката, на 4 септември 1870 година, назначен е за помошник градоначалник на 4 арондисман. На 26 март 1871 година избран е во Советот на комуната од 4 и 7 арондисман. Најпрво е член на Комисијата за надворешни односи, потоа на Комисијата за работа (6 април), потоа на Комисијата за замени (21 април) и на крајот на Комисијата за образование (4 мај). На 1 мај задолжен е за „Службениот весник“ на комуната. Како прудонист и анархист, Арну му припаѓа на малцинството во сенатот на Париската комуна и гласа против формирањето на Комитетот за јавен спас. После Крвавата недела, тој бега во Швајцарија и во Франција се враќа по амнестијата во 1880 година.

Ги напишал „Државата на Револуцијата“ (1877), „Историја на Париската комуна“, издадена во 1878 во Брисел, и неколку романи под псевдонимот „Артур Мате“

Во 1890 година се оженил со уметничката Делфин де Кол. Наведен е во францускиот речник на анархистиARNOULD Charles, Auguste, Edmond, Arthur, dit Larive, dit A. Matthey во Dictionnaire des anarchistes.

Наводи и забелешки

Надворешни врски

s:fr:Auteur:Arthur Arnould - на францускиот Викиизвор notice biographique . Portrait d'Arthur Arnould : il habite a Saint-Drézéry, a 4 ans et il est en 6e. Livres Arthur Arnould - BNF.

Категорија:Француски писатели Категорија:Француски новинари Категорија:Француски анархисти