Димитрија Поповски – Шкипер (, - , ) — македонски пливачки тренер, професор и декан на Факултетот за физичка култура во Скопје, долгогодишен селектор на пливачката репрезентација на Македонија, истакнат член на Македонскиот олимписки комитет и пратеник во Собранието на Македонија.

Животопис Поповски е роден во Скопје во 1941 година. Завршил Факултет за физичка култура, доктор е по спортска медицина. Поповски бил член на Управниот Одбор и Спортскиот директориум на Македонскиот олимписки комитет, селектор на најдобрата македонска пливачка репрезентација како и на репрезентацијата на поранешна Југославија. Со македонските пливачи, бил учесник на 4 Олимписки игри и тоа во Барселона 1992, Атланта 1996, Сиднеј 2000 и Атина 2004. Тој е сметан за творец на македонското пливање и тренер на најквалитетната генерација на пливачи од Македонија. Бил и универзитетски професор и декан на Факултетот за физичка култура при УКИМ, а бил и пратеник во Македонското Собрание во два наврата 1991-1994 како член на Сојуз на реформски сили на МакедонијаСОЈУЗ НА РЕФОРМСКИ СИЛИ НА МАКЕДОНИЈА 1991-1994 и 1994-1998 како пратеник на Либералната партија на МакедонијаЛИБЕРАЛНО - ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА 1994 - 1998. Починал во Скопје на 21 јануари 2017 година.ИН МЕМОРИАМ: Димитрија Поповски-Шкипер (1941-2017)

Наводи

Категорија:Политичари од Скопје Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски декани Категорија:Професори на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје - Скопје Категорија:Членови на МОК Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Категорија:Пратенички состав 1991-1994 Категорија:Пратенички состав 1994-1998