„Изгубени илузии“ () — роман во продолженија од францускиот писател Оноре де Балзак, објавен во периодот 1837–1843.F.R. Leavis, The Great Tradition, London 1948, p. 29 Се состои од три дела, а дејството започнува во една француска провинција, за потоа да се премести во Париз, и на крај повторно се враќа во провинцијата. Ова дело потсетува на уште едно големо дело на Балзак, Црната овца (1842), чие дејство исто така делумно се одвива во Париз, а делумно во провинцијална Франција. Ова дело е уникатно во споредба со останатие творби во Човечка комедија (1799–1850) поради прецизноста со која се доловуваат географските одлики и социјалниот живот во Франција.Donald Adamson, "Illusions perdues", London 1982, p. 86

Романот има четири главни теми: животот во провинцијата и животот во метрополата; опис на животот на уметниците во Париз во периодот 1821–22; карактеризирање на новинарството како најдолна форма на интелектуална проституција; и осознавање на двојната природа на нештата. Балзак употребил повеќе техники на раскажување, како опис на историско-политичкиот контекст, In medias res (прев. „во средина на нештата“)—сеќавање на минати случки кои се важни за понатамошниот тек, крајно поларизирани мислења на спротивставените ликови, итн.

Наводи

Поврзано Човечка комедија 1837 во книжевноста

Категорија:Дела на Оноре де Балзак Категорија:Романи на Оноре де Балзак