Огист Маке (; 13 септември 1813 Париз – 8 јануари 1888) — француски писател, познат по соработката со романописецот Александар Дима, на кој му помогнал да ги напише, меѓудругото, Грофот од Монте Кристо и Тројцата мускетари.
Животопис Маке е роден во Париз, во 1813. Бил образуван во средното училиште Карло Велики каде станал професор на 18 години. Иако учел за историчар, се свртил кон книжевноста и се зближил со книжевници како Теофил Готје и Жерар де Нервал.Corinne Bayle, Gérard de Nerval, la marche à l'étoile, Éditions Champ Vallon, 2001, 19-20, .
Преку Нервал, се запознал со веќе прославениот Дима во 1838. Маке му дал драма на Дима која ја усовршил и ја објавил во успешната претстава Батилда. Заедно почнале да пишуваат историски романи, така што Маке ги создавал ликовите и заплетот, а Дима додавал детали и дијалози. По молба и препорака од издавачите името на Маке било изоставувано од главната страна на книгите, а Маке бил добро платен за возврат. Нивната соработка прекинала во 1851.
Маке самиот продолжува да пишува неколку историски романи, драми и една опера. Во 1861, станува офицер на легијата на честа. Маке умира во големо богатство. Закопан е на гробиштата Пер Лашез во Париз.
Наводи
Категорија:Француски романописци Категорија:Погребани на гробиштата „Пер Лашез“ Категорија:Родени во 1813 година Категорија:Починати во 1888 година