Партија за целосна еманципација на Ромите — политичка партија која ги претставува Ромите во Македонија. Партијата е основана на 12 август 1990 од страна на Фаик Абди. По парламентарните избори во 1990, Абди станал првиот пратеник од ромска националност во македонското Собрание. Во периодот помеѓу 1994 и 1998 година, ПЦЕР имала двајца пратеници: Фаик Абди и Амди Бајрам. Партијата во периодот 1998–2011 дејствувала вонпарламентарно, сѐ до влегувањето на Самка Ибраимовски во Собранието како дел од коалицијата предводена од СДСМ. Ибраимовски е трет и актуелен претседател на партијата. Дел од членството на ПЦЕР во 2016, предводено од генералниот секретар Мемедов, ја напуштило партијата за да влезе во коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ.Самка Ибраимовски останува без партија Сител (10 ноември 2016) На парламентарните избори во 2020 година, партијата учествувала во коалиција предводена од СДСМ.

Наводи

Поврзано Список на политички партии во Македонија Политика на Македонија

Надворешни врски Официјално мрежно место

Категорија:Политички партии во Македонија Категорија:Појавено во 1990 година во Македонија