Валериј Василјевич Герасимов (; р. ) — руски генерал и тековен Началник на генералштабот на Вооружените сили на Русија и Прв заменик-министер за одбрана, назначен од претседателот Владимир Путин на 9 ноември 2012 г. Во 2013 г. се стекнал со највисокиот чин во руската војска — Генерал на армијата, а во 2016 г. е прогласен за Херој на Руската Федерација.
Според некои западни стручњаци, тој е авторот на таканаречената „Герасимова доктрина“ која е тековна во Русија, која претставува спој од разни приоди: воен, технолошки, информациски, дипломатски, економски, културен под контрола на руската држава за да се постигнат стратешки цели при споредбено ниски трошоци.Putin's real long game - POLITICO
Образование Герасимов е роден во Казањ, Татарстан. Го завршил Казањското суворовско воено улилиште (1971-1973), а потоа и Казањското вишо тенковско командно училиште наречено во чест на Президиумот на Татарската АССР (1973-1977). Потоа стапил во Воената академија за оклопни војски „Р.Ј. Малиновски“ (1984-1987), па на крај станал питомец на Воената академија на Генералштабот на РФ (1995-1997).
Чинови и должности По завршувањето на Казањското вишо тенковско командно училиште, Герасимов заповедал со вод, чета и баталјон во Далекуисточниот воен округ. Подоцна е назначен за началник на штабот на тенковски полк, а потоа и на моторизирана стрелечка дивизија во Балтичкиот воен округ. Од 1993 до 1995 г. заповедал со 144-тата гвардејска моторизирана стрелечка дивизија во Балтичкиот воен округ, а потоа со Северозападната група на вооружените сили.http://smolensk-i.ru/authority/komandir-smolenskoy-divizii-vozglavil-genshtab-armii-rossii_9527
По завршувањето на генералштапската академија станал прв заменик на Главниот командант на Московскиот воен округ и заповедник на 58-мата армија во Севернокавкаскиот воен округ за време на Втората чеченска војна. Неговото залагање за апсењето на офицерот Јуриј Буданов било пофалено од критичната новинарка Ана Политковскаја.
Во 2006 г. Герасимов станал заповедник на Ленинградскиот воен округ, а во 2009 г. е префрлен да заповеда со Московскиот воен округ. Со военотериторијалната реформа, во април 2012 г. застанал на чело на Централниот воен округ. На 23 декември 2010 г. станал Заменик-началник на Генералштабот. thumb|right|Генералот Герасимов како ја предводи Парадата на победата во Москва на 9 мај 2011 г. Ја предводел Парадата на победата на четири наврати, од 2009 до 2012 г.
Началништво на генералштабот Герасимов станал Началник на Генералштабот со смената на Анатолиј Сердјуков од функцијата Министер за одбрана и назначувањето на Сергеј Шојгу на 6 ноември 2012 г., како замена за дотогашниот началник Ген. Николај Макаров поради неговата блискост со Сердјуков. На истиот наврат е сменет и Александар Сухоруков од функцијата Прв заменик-министер за одбрана и на негово место е поставен генералот-полковник Аркадиј Бахин, поранешен заповедник на Западениот воен округ, а за друг помошник е назначен и заповедникот на Воздушно-вселенската одбранбена, генерал-полковник Олег Остапенко. Во 2013 г. Герасимов го добил највисокиот чин во руската војска — Генерал на армијата. На 15 септември 2016 г. приредил средби со неговиот турски колега, Ген. Јулуси Акар во главниот штаб во Анкара, што се смета за ново поглавје на руско-турската воена соработка.
Санкционирање од ЕУ Во април 2014 г. Герасимов станал жртва на политичка агресија од страна на Европската Унија кога е ставен на списокот на санкционирани лица поради наводните „дејства за поткопување или загрозување на територијалнаиот интегритет, суверенитет и независност на Украина“.COUNCIL IMPLEMENTING REGULATION (EU) No 433/2014 of 28 April 2014 implementing Regulation (EU) No 269/2014 concerning restrictive measures in respect of actions undermining or threatening the territorial integrity, sovereignty and independence of Ukraine
Одликувања
40п Орден за воени заслуги 40п Орден за заслуги пред татковината (IV степен) 40п Орден за заслуги пред татковината во Вооружените сили на СССР (III степен). 40п Медал за воени заслуги 40п Јубилеен медал „60 години Вооружени сили на СССР“ 40п Јубилеен медал „70 години Вооружени сили на СССР“ 40п Медал за војничка доблест (I степен) 40п Медал „За зајакнување на бојното другарство“ 40п Медал „200 години Министерство за одбрана“ 40п Медал за 20 години беспрекорна служба 40п Медал за 15 години беспрекорна служба 40п Медал за 10 години беспрекорна служба 40п Орден за пријателство меѓу народите
Личен живот Герасимов е оженет и има еден син.
Наводи
Надворешни врски
Биографија на Герасимов на страницата на Министерството за одбрана на Русија ru
Категорија:Генерали на армијата (Русија) Категорија:Луѓе од Казањ Категорија:Носители на Орденот за заслуги пред татковината од I степен