Свети Димитриј — главна селска црква во валандовското село Балинци, Македонија.
Местоположба
мини|300п|лево|Историска фотографија на црквата од 1931 година
Црквата се наоѓа западно од селото и до нејзе води земјен пат, кој започнува од селото.
Во дворот на црквата се наоѓаат и селските гробишта.
Историја
Стариот црковен објект бил изграден од познатиот неимар, иконописец и резбар Андон Китанов од родот Ангелковци од село Тресонче во Мала Река, Дебарско, пред 1860 година, но тој бил разурнат од Валандовскиот земјотрес во 1931 година. Сегашната црква е изградена по земјотресот од 1931 година со помош на верниците од селото.
Архитектура
Црквата е трикорабна, со женски дел на западната страна и со мала полукружна олтарна апсида од надвор. Централниот кораб е своден и ги надвишува двата странични кораба. Главниот влез во храмот е од јужната, а споредниот од западната страна. Од јужната и од западната страна има отворен трем. Црковното ѕвоно се наоѓа на западната страна од храмот.
Иконостас
Иконостасот е изработен во 1938 година од браќата Доневи од мијачкото село Гари, Дебарско. Покрај иконите од иконостасот кои датираат од 1938 година, во црквата „Св. Димитриј“ има и стари икони со потекло од XIX век.
Галерија
Поврзано Балинци Повардарска епархија Гевгелиско архијерејско намесништво Валандовска парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Балинци Балинци Категорија:Дела на Дебарската школа