Ибрахим Ибрахими — министер за труд и социјална политика на Македонија во периодот 2016–2017. Спасовски и Ременски „си ги пакуваат куферите“, 13 декември 2016, Вечер

Животопис

Ибрахим Ибрахими е роден во 1967 година во Гостивар. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје, по кое се запишал на последипломски студии по сметоководство и ревизија, како и на последипломски студии по политички науки на Универзитет на Југоисточна Европа во Тетово.

На 29 јули 2011 година, тој бил избран за заменик министер за труд и социјална политика, а од 2008 до 2011 година, тој ја извршувал функцијата заменик министер во Министерството за правда. Во периодот од 2007-2008 година, тој работел како советник во Министерство за труд и социјална политика. Од 2004 до 2006 година, тој бил проектен раководител во Европски центар за малцински прашања, а во периодот од 2001 до 2004 година, тој бил програмски координатор на проектот „Ромаверзитас“ при Фондацијата Институт Отворено Општество Македонија. Во периодот 2000-2001 година бил шеф на сметководство во Фатина – Гостивар24vesti.mk.

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Политичари од Гостивар Категорија:Министри за труд и социјална политика на Република Македонија Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 2014 Категорија:Македонски министри Категорија:Македонски Роми Категорија:Југословенски Роми Категорија:Апсолвенти на Економскиот факултет - Скопје Категорија:Магистри на Економскиот факултет - Скопје Категорија:Магистри на Универзитетот на Југоисточна Европа