Битката кај Термопилите (грчки: Μάχη τῶν Θερμοπυλῶν; персиски: نبرد ترموپیل) — битка со времетраење од три дена, којашто се водела меѓу сојузот на грчките градови-држави, предводени од Спартанскиот крал Леонид I, и Персискиот владетел, Ксеркс I, за време на втората персиска инвазија на Стара Хелада. Битката се одвивала кај Термопили во средна Грција, во август 480 година п.н.е. Хелените биле бројно многу послаби, но успеале да ги задржат Персијците три дена, со што добиле доволно време за евакуација на Атина и подготвување на посилна армија. Војниците под водство на спартанскиот крал Леонид го блокирале единствениот пат по кој војската на Ксеркс I можела да помине. По освојувањето на Термопили, Персијците биле во можност да ја контролираат областа до Коринт, а посебно им овозможило да ја нападнат Атина. Иако победиле, Персијците претрпеле губитоци. Оваа битка е дел од Грчко-персиските војни.

Историска заднина

Главен извор за Грчко-персиските војни е грчкиот историчар Херодот. Сицилијанскиот историчар Диодор Сицилиски, кој ја пишувал во 1 век п.н.е. својата Историска библиотека, исто така зборува за грчко-персиските војни, делумно преземајќи ги од својот претходник, грчкиот историчар Ефор.Diodorus XI, 28–34, Грчко-персиските војни биле исто така опишани од голем број други антички историчари, иако со помалку детали.

За Термопилската битка постојат два основни извори кои преживеале, на Херодот и на Симонид од Кеја. Од двата извори, поважно е пишувањето на Херодот за оваа битка, во Книга VII од неговата Историја.

Персискиот цар Ксеркс I со години се подготвувал да ја продолжи војната против Грците, што ја започнал неговиот татко Дариј I. Донел огромна војска и морнарица во Мала Азија во 484 година п.н.е. Направил мост од бродови за да може војската да ги мине Дарданелите и да навлезе во Европа. Според Херодот, војската на Ксеркс била толку бројна, што откако пристигнале на бреговите на реката Ехеидор, неговите воиници пиејќи вода од реката - ја пресушиле. Соочени со овој неверојатен број на неријателски војници, многу од грчките градови се предале.

Оние кои решиле да се спротивстават на Персијците, формирале сојуз од грчки градови-држави под водство на Спарта, која имала најдобро обучени и опремени војници воцела Грција. Атињаните, на пример, имале недостаток од човечка сила што би се борела на копно и море, што значело дека требало да се здружат со другите градови-држави. Во 481 година п.н.е., Ксеркс испратил амбасадори низ Грција со барањето „земја и вода“, но ги прескокнал Атина и Спарта.Herodotus VII, 32 Здружените градови-држави одржале „конгрес“, на кој Темистокле ја предложил следнава стратегија: ако војската на Ксеркс минува низ јужна Грција (Беотија, Атика и Пелопонез), ќе мора да мине низ теснецот на Термопилите, кој лесно може да се блокира и покрај огромниот број на персиски војници.Holland, pp. 255–257

Текот на битката

Персиската војска бавно напредувала преку Тракија и Македонија. Персијците конечно влегле во Грција во августHolland, pp. 255–256 Во овој период од годината, Спартанците го славеле празникот Карнеи, а воените активности со закон биле забранети за време на овој празник. Поради ова, Спартанците предоцна пристигнале на Маратонската битка.Herodotus VII, 206 Исто така, тоа било период во кој се одржувале Олимписките игри.Holland, pp. 258–259. Леонид тргнал против Персијците со само 300 мажи, сите дел од кралската гарда, како претходница, додека да се соберат останатите грчки војници, и додека да пристигне главнината на спартанската војска.

Легендата за оваа битка, онака како што ја раскажал Херодот, вели дека Спартанците претходно се советувале со пророкот на Делфи. Херодот ни кажува дека Леонид заради пророштвото, знаел дека оди во сигурна смрт, и посебно дека неговите војници не ги очекува победа, па затоа ги избрал оние Спартанци кои веќе имале потомство.Herodotus VII, 205

Леонидас одбрал да се стационираат во делот наречен „средна врата“, најтесниот дел во Термопили, каде Фокијците претходно изградиле одбранбен ѕид.Lazenby, pp. 248–253 Кон средина на август, персиската војска се појавила кај Малајскиот Залив приближувајќи се кон Термопили.Holland, pp. 269–270 Тогаш Грците свикале советување. Луѓето од Пелопонез предложиле да се блокира преминот кон Пелопонез. Фокијците и Локријанците, чии градови биле поблиску, советувале да се испрати поголема војска во Термопили. Леонид смирувајќи ја паниката кај другите, се согласил да го брани Термопили.Herodotus VII, 207 Соред Плутарх, кога некој од војниците се пожалиле дека „од персиските стрели, не се гледа сонцето“, Леонид одговорил: „Нели ќе биде тоа добро, ако се бориме во ладовина?“Plutarch, Apophthegmata Laconica, section "Leonidas, son of Anaxandridas", saying 6, Vol. III of the Loeb Classical Library edition, 1931 И Херодот пишува за сличен коментар, но вели дека тоа го кажал Диенекиј.

Ксеркс испратил емисари да се спогодат со Леонид. На Грците им било понудено дека ќе бидат слободни и прогласени за „пријатели на Персијците“, како и можност да се населат на подобра земја од таа што ја поседуваат.Holland, pp. 270–271 Кога Леонид ги одбил овие услови, амбасадорот ја покажал пишаната порака од Ксеркс, во која се барало да се предаде. Познатиот одговор на Леонид е: „Дојдете и земете си“.().Plutarch, Apophthegmata Laconica, section "Leonidas, son of Anaxandridas", saying 11 Откако персискиот пратеник се вратил со празни раце, битката била неизбежна. Ксеркс чекал четири дена, претпоставувајќи дека Грците ќе си заминат, а потоа ја испратил војската во напад.

Спротивставени сили Персиска војска Бројот на војници што Ксеркс ги собрал против Грција е предмет на бескрајна дебата, во најголем дел меѓу античките историчари, кои запишале различни бројки, и денешните историчари, кои претпоставуваат дека се работело за многу помал број. Херодот тврди дека вкупно биле 2,6 милиони воен персонал, придружени од ист број на придружен персонал.Herodotus VII, 186 Поетот Симонид од Кеј, кој бил современик на настаните, зборува за четири милиони; Ктезиј ја дава бројката од 800.000 вкупен број на војската на Ксеркс.

Научниците денес ги негираат овие бројки дадени од Херодот и од другите антички извори како нереални,Holland, p. 237 и сметаат дека бројката се движела меѓу 70.000 и 300.000.Holland, p. 394. Ваквата бројка е добиена од изучување на можностите на Персијците од тоа време. Кој и да е бројот на војници на Ксеркс, јасно е дека тој сакал да победи, заради што собрал огромен број на војници.de Souza, p. 41. Така, бројот на персиски војници што се бореле кај Термопили не е познат. Меѓу другото, не е познато ни дали целата персиска војска се движела во правец кин Термопили, или пак Ксеркс оставил војска во Македонија и Тесалија.

Грчка војска Според ХеродотHerodotus, VII, 202Herodotus VII, 203 и Диодор Сицилиски,Diodorus Siculus XI, 4 грчката војска била состаена од:

ГрупаБројност – ХеродотБројност – Диодор СицилискиСпартанци/Периеци900?Lazenby, pp. 248–2531.000(вклучувајќи 300 Спартанци)Спартанци300 –Мантинејанци5003.000(други Пелопонезијанци испратени со Леонид)Тегејанци500Аркадијци120други Аркадијци1.000Коринтјани400Флиунтци200Микенци80Вкупно од Пелопонез3.100 или 4.000Lazenby, pp. 248–2534.000 or 4.300Теспијанци700 –Малијци –1.000Тебијанци400400Фокијци1.0001.000Опунти Локријанци„Сè што имале“1.000Вкупно5.200 (or 6.100) вклучувајќи ги Опунти Локријанци7.400 (or 7.700)

Стратегија

Од стратешка гледна точка, Грците ги користеле своите сили на најдобар можен начин при одбраната на ТермопилиLazenby, pp. 248–253 при што не морале да напаѓаат, туку само да се бранат, а малиот број на војници не бил пресуден. Од друга страна, Персијците имале проблем со снабдување на огромната војска, па не смееле да останат на исто место долго време.Holland, pp. 285–287 Персијците, според ова, требало или да се повлечат или да напредуваат.

Тактички гледано, Термпоилската битка била идеална за грчкиот начин на борба. Лесно можеле да го блокираат тесниот премин, а најголемата опасност за Грците била можноста да бидат опколени.

Топографија на бојното поле

Се вели дека во тоа време, преминот кај Термопили бил толку тесен, што можела да помине само една воена кола. Всушност, преминот бил широк 100 метри, што е веројатно пошриоко одошто Грците можеле да го одбранат од персиските орди. Теренот сепак не бил добар за Ксеркс и неговата војска. Иако потекнуваат од планинска земја, Персијците не биле подготвени за теренот на земјата што ја освојувале. Од една страна било морето, а од друга непробојните висини, кралот Леонид и неговите војници ја одбрале најдобрата топографска позиција за битка со персиските освојувачи.

Денес, Термопили не е блиску до морто, туку се на неколку километри подалеку, поради седиментација на Малајскиот Залив, а низ теснецот минува автопат. Во тоа време, теснецот бил широк 100 метри, а морето удирало на карпите: „Денес посетителите на теренот можат да ја замислат битката што се одвивала наспроти споменикот.“Dore, pp. 285–286 Теснецот е сè уште одбранбена позиција против војска, а Британскиот Комонвелт во текот на Втората светска војна на истото место ја водел одбраната во 1941 против нацистичката инвазија.

Карти на областа: Слика на бојното поле, од исток

Битката

Прв ден

Првиот ден по пристигнувањето на Персијците во Термопили, и првиот ден од битката, Ксеркс наредил напад. Прво наредил 5.000 стрелци да исфрлат стрели, но тие не биле ефективни, бидејќи се наоѓале на повеќе од 90 метри оддалеченост, на што укажуваат и денешните научници. Потоа, Ксеркс испратил сила од 10.000 Медијци и Хузестанци за да фатат жив заробеник и да му го донесат.Herodotus VII, 210Diodorus Siculus XI, 6 Персијците напаѓале во неколку наврати, но Грците се наоѓале во најтесниот дел од теснецот, со што им оневозможиле на Персијците да нападнат реално со голем број на војници.Herodotus VII, 208 Деталите за употребената тактита се оскудни. Диодор запишал дека „мажите стоеле рамо до рамо“, како и дека Грците биле „похрабри и со поголеми штитови“.Diodorus Siculus XI, 7 Херодот пишува дека единиците на сите градови се држеле еден до друг, ротирале внатре и надвор од Битката за да не се изморат, со што се укажува дека Грците имале повеќе војници отколку што било потребно за да го блокираат теснецот.Herodotus VII, 204 Грците убиле многу Медијци, поради што Ксеркс станувал трипати од местото каде што седел и ја набљудувал битката.Herodotus VII, 212 Според Ктезиј, првиот бран од нападот бил сосема одбранет, а меѓу Спартанците имало само двајца или тројца жртви.

Соред Херодот и Дијодор, персискиот крал откако ја видел силата на непријателот, ги испратил своите најдобри трупи во втор напад истиот ден, Бесмртните, елитна група од 10.000 мажи.Herodotus VII, 211 Сепак, Бесмртните не поминале подобро од Медијците. Спартанците користеле добра тактика, па успевале да ги убијат непријателите.

Втор ден Вториот ден, Ксеркс повторно испратил пешадија во напад, „претпоставувајќи дека непријателот, бидејќи е малуброен, сега е оневозможен поради повредите, и не може за долго да пружа отпор“. Но, Персијците немале успех ни вториот ден. Ксеркс го прекинал нападот и се повлекол во кампот сосема збунет.

Но, подоцна во текот на истиот ден, додека персискиот крал размислувал што да стори, му дошол еден Трахинец по име Ефијалт, кој го известил за планинскиот пат околу Термопили, и кој се понудил да ја води персиската војска. Ефијалт очекувал награда за оваа своја постапка.Herodotus VII, 213 Поради оваа постапка на Ефијалт, неговото име станало симбол за предавник во грчкиот јазик.Tegopoulos, entry for Εφιάλτης

Херодот известува дека истата вечер Ксеркс го испратил неговиот командант Хидарн со група Бесмртни, за да ги обиколат Грците. Бесмртните се убиени во првиот ден, па можно е дека Хидарн ги предводел оние војници од Бесмртните кои останале живи, а според Диодор, Хидарн предводел 20.000 војници на оваа мисија.Green (2006), p. 59

Трет ден