Одра е река во Хрватска, лева притока и е реката Купа, долга е 83 километри, со слив од 604 км2. Се создава од две краци на Косница и Ломница.

Во поголемиот дел тече паралелно со реката Сава. Се влева во Купа кај селото Шишачка Одра кое не е далеку од Сисак. Најважни притоки се Буна и Лекеник. Со својот тек поминува низ рамница и низ шуми. Од каналот Сава-Одра, па сè до селото Шишачка Одра, низ нејзиниот тек нема население. Богата е со животински свет (дабари, риби, големи барски желки, змии, и друго), а на нивните скришни места доаѓаат по вода шумски животни (диви свињи, срни, елени, лисици и друго).

Наводи

Категорија:Реки во Хрватска