Кањижа () — град и општина во Севернобанатскиот Управен Округ во Војводина, Србија. Според пописот од 2022 година, во градот живеат 8.067 жители, додека во истоимената општина живеат 20.141 жител.

Географија Иако припаѓа на севернобанатскиот округ, територијата на општината Кањижа всушност се наоѓа во регионот Бачка. Територијата на општината се граничи со реката Тиса и со општината Нови Кнежевац на исток, со општината Сента на југ, со општината Суботица на запад и со границата на Унгарија на север.

Населени места Населби во општината: Адорјан, Велебит, Војвода Зимоњиќ, Долине, Кањижа, Мале Пијаце, Мали Песак, Мартонош, Ново Село, Ором, Тотово Село, Трешњевац, Хоргош.

мини|центар|200п|Општина Кањижа во карта на Србија

Историја Градот бил спомнат во хрониката Gesta Hungarorum под името Кенесна и, аспоред хрониката, припаѓал на војводството на бугарскиот војвода Салан кој управувал од Тител во 9. век. Во првите пишани документи по унгарското освојување на Средна Европа, градот се споменува како Кнеса или Кенесна. Ова име дошло од словенскиот збор кнез. Во 1335 година, градот бил спомнат како Вила Каниса.

Во првата половина на 16. век, градот бил управуван од Источното Унгарско Кралство, до 1552 година бил управуван од Османлиското Царство (Чанадски санџак). Ве периодот од 1686 до 1918, градот бил под контрола на Хабсбуршката монархија. Првично, тој бил дел од Хабсбуршката Воена Граница, но бил поставен под граѓанско управување во 1751 година. На почетокот на османслиското управување, локалното унгарско население ја напуштило областа. Во текот на отоманскиот период и исто така во текот на првата деценија од хабсбуршкото управување, градот бил главно населен од етнички Срби. Унгарските колонисти од северните држави од Кралството Унгарија започнале да се населуваат тука во 1753 година и станале доминантна етничка група во градот. Од 1918 година, градот бил дел од Кралството Југославија.

Демографски податоци Етнички групи во општината Населението во општината Кањижа се состои од: Унгарци = 21,576 (85.13%) Срби = 1,830 (7.22%) Роми = 596 (2.35%) Романци = 269 (1.06%) Други и неизјаснети = 1341 (5.29%)

Сите населби во општината имаат унгарско мнозинство освен селото Велебит, кое главно е населено од Срби.

Етнички групи во градот Населението во градот Кањижа се состои од: Унгарци= 8,319 (84.28%) Срби= 894 (9.06%) Други и неизјаснети = 658 (6.67%)

Познати личности Ѓорѓе Крстиќ (1851–1907), познат српски сликар во правец реализам Александар Тишма (1924–2003), романописец Ото Толнаи (роден 1940 г.), современ југословенски и унгарски писател

Поврзано Севернобанатски Управен Округ Војводина Унгарци

Наводи

Надворешни врски

Официјално мрежно место на општината Кањижа филм (блог) Бањата во Кањижа Историја на Кањижа

Категорија:Градови во Војводина Категорија:Општини во Војводина Категорија:Севернобанатски Управен Округ Категорија:Унгарски населби во Србија