|мини|300п|десно|Лекот метотрексат (десно) е антиметаболит кој интерферира со метаболизмот на фолна киселина (десно). Антиметаболит е хемиска супстанца која ја инхибира употребата на некој метаболит, кој пак е друга хемиска супстанца која е дел од нормалниот метаболизам. Овие супстанци често се слични во структурата со метаболитот со кој интерферираат, како што се антифолатите кои интерферираат со искористувањето на фолната киселина. Присуството на антиметаболити може да има токсични ефекти врз клетките, како што се запирање на клеточниот раст и клеточната делба, па овие соединенија се користат во хемотерапијата на рак.
Наводи
* Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ