Воведение на Пресвета Богородица (позната и како Света Богородица - Пречиста) — средновековна црква и археолошко наоѓалиштеКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069. во селото Враништа, во чиј двор се наоѓаат и селските гробишта. Таа прогласена за културно наследство на Македонија. Се наоѓа на крајниот северен дел од селото, десно од патот кој води до селото Ложани. Жителите на селото таму се собираат на Духовден, Крстовден и Пречиста.

Историја

Северно од селото Враништа се наоѓаат остатоци од манастир. Храмот бил посветен на „Пречистa“ т.е. Света Богородица Вранишка. Храмот е изграден во XI век. Дебелите ѕидови на овој храм се изградени од камен бигор кој е носен од селото Вишни кое се наоѓа на планината Јабланица. По овие остатоци се гледа дека тоа бил голем и доста познат манастир. Денешните жители оваа знаменитост ја нарекуваат „Кралска црква“.

Со Решението бр. 158 од 2 декември 1953 година, градбата била прогласена за Споменик на културата од страна на тогашниот Централен завод од Скопје.

На местото е извршено истражување од страна на Музејот на Македонија, под раководство на Димче Коцо, и се пронајдени остатоци од средновековната црква.

Архитектура мини|лево|220п|Источната страна на која се наоѓа најстариот дел од храмот. Оваа црква била разрушена и останати се делови од олтарниот простор, кои западно се повторно изѕидани со камен, со цел да се добие целина. Денешните остатоци претставуваат една мала правоаголна градба, која е покриена со керамиди на сите четири страни, и во која се влегува преку јужен влез. Во внатрешноста нема фрески, додека на таванот е поставена дрвена, ламперија. Пред источната апсида е изграден ѕид од камен, со врата на средината и простор за влегување од северната страна, а на него се поставени повеќе репродукции на икони.

Галерија

Надворешноста

Внатрешноста

Поврзано Струшко архијерејско намесништво Ложанска парохија Враништа Горна Црква — некропола од римско време Долно Ливаѓе — населба од неолитско време Кортиниче — населба од римско време Ливатче — населба од неолитско и бронзено време Кралој Загони — населба од неолитско време Св. Атанасија — црква и гробишта од средниот век Црквени Ливади — населба од неолитско и бакарно време Шумски Ливади — населба од неолитско и бакарно време

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Враништа Враништа Категорија:Археолошки наоѓалишта во Македонија од среден век Категорија:Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на сакрален објект Категорија:Археолошки наоѓалишта во Општина Струга Категорија:Археолошки наоѓалишта во Струшко