Канадски Арктички Архипелаг (, ) или само Арктички Архипелаг — островска група која лежи на север од копнена Канада.
Архипелагот е сместен во крајниот северен дел на Северна Америка и зафаќа околу . Се состои од 36.563 острови во Северноледениот Океан и сочинува најголем дел од територијата на Северна Канада — речиси цел Нунавут и дел од Северозападните Територии.Marsh, James H., ed. 1988. "Arctic Archipelago " The Canadian Encyclopedia. Toronto: Hurtig Publishers. Канадскиот Арктички Архипелаг почнува да трпи извесни последици од глобалното затоплување,Thinning of the Arctic Sea-Ice Cover при што некои проценки целат дека стопениот мраз од островите ќе го покачат морското ниво за до 2100 г.
Историја Британија полагала право на островите поради откритијата на морепловецот Мартин Фробишер во 1570-тите. Канада првично (1870–80) имала суверено право само на оние делови од островите што чии водотеци се сливаат во подводната Фоксова Котлина, Хадсоновиот Залив и Хадсоновиот Проток. ВО 1880 г. Британија ги предала сите острови во канадска сопственост.. Канада вели дека сите водни патишта по Северозападниот Премин се канадско владение, но САД и највеќето поморски земји ги сметаат за меѓународни води. Спорот со премините во Канада неглегува во полето на екологијата и државната безбедност, како и општата сувереност на земјата. Хансовиот Остров во Нерсовиот Проток источно од островот Елсмир се предмет на територијален спор меѓу Канада и Данска.
Географија мини|Сателитска снимка на Бафиновата Земја — најголмиот остров во архгипелагот мини|Сателитска снимка на Елсмир и соседните острови, меѓу кои и Аксел Хајберг (лево). Гренланд е десно од сликава. Архипелагот се протега надолжно и од канадското копно до ’ртот Колумбија, најсеверната точка на островот Елсмир. На запад се граничи со Бофортовото Море, на северозапад со Северноледениот Океан, на исток со Гренланд, Бафиновиот Залив и Дејвисовиот Проток; јужно од островите се наоѓаат Хадсоновиот Залив и континентална Канада. Разните острови се поделени едни од други со овие премини со збирен незив Северозападниот Премин. Како северно продолжение на континенталната канадска територија се јавуваат два големи полуострова — Бутија и Мелвил.
Архипелагот опфаќа вкупно 36.563 острови, од кои 94 важат за поголеми (преку ), и заземаат вкупна површина од . Следат најголемите острови, со површина од барем :
Име Територија* Површина Место по површина Население(2001) Свет Канада Бафинова Земја НУ 5 1 9.563 Викторија СЗ, НУ 8 2 1.707 Елсмир НУ 10 3 168 Бенкс СЗ 24 5 114 Девон НУ 27 6 0 Аксел Хајберг НУ 32 7 0 Мелвил СЗ, НУ 33 8 0 Саутхемптон НУ 34 9 718 Принц од Велс НУ 40 10 0 Сомерсет НУ 46 12 0 Батхерст НУ 54 13 0 Принц Патрик СЗ 55 14 0 Крал Вилијам НУ 61 15 1.279 Елеф Рингнес НУ 69 16 0 Бајлот НУ 72 17 0* СТ = Северозападни Територии, НУ = Нунавут
По Гренланд, архиеплагот е најголеата поларна област во светот. Климата е арктичка, а теренот е тундра, со исклучок на планинските подрачја. Највеќето острови се ненаселени; населените се наоѓаат на југот и имаат мошне мали и крајно раштркани инуитски населби по крајбрежјата.
Список и карта Крал Кристијан Борден Лохид Брок Мекензи Кинг Хелена Камерон Емералд Принц Патрик Ваније Еглинтон Александар Батхерст Мелвил Бајам Мартин Бенкс Стефансон Расел Принц од Велс Прескот Сомерсет Викторија Крал Вилијам Мети Велс Белчер Лонг Акимиски Чарлтон600п|Упатна карта на Канадскиот Арктички Архипелаг Елсмир Миен Аксел Хајберг Елеф Рингнес Амунд Рингнес Корнвол Греам Северен Кент Бејли-Хамилтон Мал Корнволис Корнволис Девон Бајлот Бафинова Земја Јенс Мунк Кох Бреј Роули Фоли Ер Форс Принц Чарлс Ванситарт Вајт Саутхемптон Резолушн Локова Земја Акпаток Биг Солсбери Нотингем Mansel Коутс Острови вон картата
Бичи Војвода од Јорк Гејтсхед Хејг-Томас Хансов Остров Килиник
Џени Линд Отава Принц Леополд Скрелинг Тродли Вестон
На карта
Крал Кристијан, Борден, Лохид, Брок, Мекензи Кинг, Хелена, Камерон, Емералд, Принц Патрик, Ваније, Еглинтон, Александар, Батхерст, Мелвил, Бајам Мартин, Бенкс, Стефансон, Расел, Принц од Велс, Прескот, Сомерсет, Викторија, Крал Вилијам, Мети, Велс, Белчер, Лонг, Акимиски, Чарлтон, Елсмир, Миен, Аксел Хајберг, Елеф Рингнес, Амунд Рингнес, Корнвол, Греам, Северен Кент, Бејли-Хамилтон, Мал Корнволис, Корнволис, Девон, Бајлот, Бафинова Земја, Јенс Мунк, Кох, Бреј, Роули, Фоли, Ер Форс, Принц Чарлс, Ванситарт, Вајт, Саутхептон, Резолушн, Локова Земја, Акпаток, Биг, Солсбери, Нотингем, Мансел, Коутс, Бичи, Војвода од Јорк, Гејтсхед, Хејг-Томас, Хансов Остров, Килиник, Џени Линд, Отава, Принц Леополд, Скрелинг, Тродли, Вестон,
Поврзано Северозападен Премин Кралица Елизабета — група најсеверни острови во архипелагот Список на острови во Канада
Наводи
Категорија:Архипелази во Канада Категорија:Региони на Арктикот Категорија:Архипелази во Северноледениот Океан