Рами Малек (роден на 12 мај 1981 г.) — американски глумец. Тој е најпознат по толкувањето на главната улога Елиот Алдерсон во критички признаената телевизиска серија Мистер Робот, за која добил награда од филмските критичари, како и номинации за наградите Еми, Златен глобус, и наградата на здружението на филмски критичари.

Малек исто така е познат по улогата на кралот Акменра во трилогијата Ноќ во музејот, а исто така глумел и во комичната серија Војна дома (2005–07), минисеријалот Тихи Океан (2010), како и во филмовите Лери Краун (2011), Учителот (2012), Нема светци во рајот (2013) и критички признаената драма Краток рок 12 (2013).

Животопис Малек е роден во Лос Анџелес, Калифорнија од египетски родители. Неговиот покоен татко бил туристички водич во Каиро. Неговата мајка е сметководител. Малек има идентичен брат близнак кој се вика Сами; Рами е постар четири минути. Тој исто така има постара сестра која е докторка. Малек се школувал во средното училиште Нотр Дам во Лос Анџелес каде дипломирал во 1999 година заедно со глумицата Рејчел Билсон. Во средното училиште тој учел заедно со Кирстен Данст, која била една година помлада и заедно со него посетувала часови по музички театар. Тој ја добил својата диплома за ликовни уметности во 2003 година од Универзитетот Евансвил во Евансвил, Индијана.

Филмографија Филм Год. Наслов Улога Белешки 2006 Ноќ во музејот Кралот Акменра 2009 Ноќ во музејот: Битка за Смитсонијан 2011 Лери Краун Стив Дибијаси 2012 Морска борба Потполковник Хил 2012 Самрак сага: Зазорување – Втор дел Бенџамин 2012 Учителот Кларк 2013 Нема светци во рајот Вил 2013 Краток рок 12 Нејт 2013 Старо момче Браунинг 2014 Нид фо спид (Need for Speed) Фин 2014 Ноќ во музејот: Тајната на гробницата Кралот Акменра 2014 Слатка Исусова крв Сенешал Хигинботом 2016 Buster's Mal Heart Постпродукција, главна улога 2017 Папијон Луј Дега Предпродукција

Телевизија Год. Наслов Улога Белешки 2004 Девојките Гилмор Енди Епизода: "In the Clamor and the Clangor" 2005 Таму Хасан 2 епизоди 2005 Медиум Тимоти Керчер Епизода: "Time Out of Mind" 2005–2007 Војна дома Кени споредна улога, 21 епизода 2010 24 Маркос Ал-Закар 3 епизоди 2010 Тихи Океан Меријел „Снафу“ Шелтон 6 епизоди 2012 Алкатраз Веб Портер Епизода: „Веб Портер“ 2012 Легендата за Кора Тано (глас) 3 епизоди 2014 Верувај Д-р Адам Тери Епизода: „Пилот“ 2015–2019 Мистер Робот Елиот Алсерсон главна улога, 22 епизоди

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1981 година Категорија:Американски глумци Категорија:Американски филмски глумци Категорија:Добитници на Златен глобус