мини|десно|250п|Парна локомотива пред СУГС „Владо Тасевски“ — Скопје

Парна локомотива — вид железничко влечно возило.

Основен принцип на работа на парната локомотива е искористување на енергијата на водената пареа парниот котел или топка пронајден уште во I век од научникот Херон Александриски.

Историја Вистинскиот творец на локомотива на парен погон, која се движела по железни шини е англичанецот Џорџ Стивенсон (1781-1848 година). Првата негова парна локомотива е наречена „Блихер“ (Blücher) во 1814. Втората парна локомотива е конструира во 1825 која го има влечено првиот патнички воз на линијата од Стоктон до Дарлингтон во Англија. И легендарната трета парна локомотива со име „Ракета“ (Rocket) подобрена со принцип на греење на повеќе цевки, добивајќи сила да влече приближно 13 тони и брзина од 24 км/ч.

Принцип на работа Принцип на работа на парната локомотива е загревање на водата и нејзиното ширење на водената пареа постигнувајќи принцип на реакција.

Делови на парна локомотива рамка|центар|200px|Делови на парна локомотива

<table align="center"> <tr> <td>1. Ексцентричен зглоб</th> <td>6. Повратно вратило <td>11. Поврзувачка котва </tr> <tr> <td>2. Ексцентричен лост</th> 7. Проширена врска 12. Комбиниран лост </tr> <tr> <td>3. Повратен лост</th> 8. Полупречникен лост 13. Дршка на вентил </tr> <tr> <td>4. Подигнувачка врска</th> 9. Крстач 14. Вретенeст вентил </tr> <tr> <td>5. Подигнувачко вратило</th> 10. Доводен вентил

</tr> </table>

Особености

Предности

добра влечна сила – локомотивата развива голема влечна снага при мали брзини, а со зголемување на брзината се смалува. Едноставна промена на насоката на движење напред-назад. Едноставна конструкција и лесна за одржување. Можност на користење на различни врсти на горива (дрво, јаглен, нафта,..)

Недостатоци

Лоша динамика – поради големите тркала. Лоша искористеност на горивото – јагленот од 6-12%. Ставање во погон или престанок на работа е околу 2 часа. Мал полупречник на движење – за надополнување на вода (секој 50-100km) и јаглен (секој 200-300km). Предолго задржување за снабдување. Неможност за поголеми брзини. Големо загадување на околината.

Поради сите наведени недостатоци во денешно време веќе не се во употреба парните локомотиви освен во поедини случаи како туристичка атракција.

Градители на парни локомотиви

Ричард Тревитик (Richard Trevithick) - првa експериментална парна локомотива Џорџ Стивенсон (George Stephenson) - прва практична парна локомотива

Надворешни врски

Пример за туристичка атракција каде се употребуват истите локомотиви (кај нас наречени „Пампур“) кои беа во употреба во Македонија до 1969 година.

Поврзано Вајтова класификација Железница Локомотива Локомотива Dn2t Локомотива серија 83 Парен котел Пруга Воз

Категорија:Локомотиви Категорија:Британски пронајдоци