За истоименото село, видете Сопотница.

Општина Сопотница — поранешна рурална општина во Македонија, создадена во 1996 година, а престанала да постои со законот за територијална поделба на Македонија од 2004 година, кога била припоена кон Општина Демир Хисар. Седиште на општината било селото Сопотница.

Територијата на општина се наоѓала во регионот Железник. Најголема река во општината била Црна Река. Општината се граничела со: Општина Ресен и Општина Демир Хисар на југ, Општина Косел и Општина Белчишта на запад, Општина Другово на север и Општина Крушево на исток.

Населени места и демографија Во Општина Сопотница спаѓале следниве села: Бабино, Базерник, Боиште, Брезово, Велмевци, Вирово, Големо Илино, Доленци, Жван, Железнец, Зашле, Мало Илино, Мренога, Радово, Слоештица, Сопотница, Суво Грло и Церово.

На пописот од 2002 година, Општина Сопотница имала 2.319 жители, од кои:

Македонци 2.311 Срби 4 останати 4

Наводи

Поврзано

Општина Демир Хисар Општини во Македонија Сопотница Железник

Надворешни врски Официјално мрежно место на Општина Демир Хисар

Сопотница Сопотница Сопотница Категорија:Сопотница