Николета Киријакопулу (родена на 21 март 1986 г.) — грчка атлетичарка која е специјализирана во дисциплината скок со стап. Таа освоила бронзен медал на Светското првенство 2015 во Пекинг. Во 2015 година, таа пет пати го подобрувала грчкиот државен рекорд (во сала и на отворено) подигнувајќи ја границата на 4,83 метри.http://www.segas.gr/index.php/el/news/2374-ta-25-panellinia-rekor-tou-2015 Истата година, таа станала првата грчка атлетичарка која победила во Дијамантската лига.http://www.thetoc.gr/athlitika/article/nikol-kuriakopoulou-i-kalloni-athlitria-apo-diamanti-pou-den-masaei

Нејзин прв успех на големо натпреварување се случил во 2012 година, кога таа го освоила бронзениот медал на Европското првенство 2012 во Хелсинки. Претходно таа освоила златен медал на Средоземните игри 2009 со прескокнати 4.50 метри.

Лични рекорди ДисциплинаРезултатДатумМестоСкок со стап на отворено4.83 метри 4 јули 2015 Париз, ФранцијаСкок со стап во сала4.81 метри17 февруари 2016 Стокхолм, Шведска

Наводи

Надворешни врски Официјално мрежно место Профил на IAAF.org

Категорија:Родени во 1986 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Атина Категорија:Грчки атлетичарки