Латанопрост е лек кој се користи за контрола на прогресијата на глаукома или окуларна хипертензија преку намалување на интраокуларниот притисок. Латанопростот е пролек, изопропил естер, кој сам по себе е неактивен, меѓутоа по хидролизата од страна на естеразите во рожницата во киселина станува биолошки активен.

Физички и хемиски одлики Стабилност Латанопростот покажува терманлна и сончева нестабилност. Концентрацијата на латанопрост складиран на 50 °C ќе се намалува за 10% на секои 8.25 дена. Доколку е складиран на 70 °C концентрацијата ќе се намалува за 10% на секои 1.32 дена. Ултравиолетовата светлина, како таа на пр. во сончевата светлина, предизвикува брза деградација на латанопростот.

Наводи

Категорија:Простагландини Категорија:Карбоксилатни естри Категорија:Неопходни лекови според Светската здравствена организација Категорија:Деривати на алкените Категорија:Триоли