На 15 јули 2016, се случил обид за државен удар во Турција започнат од група воени службеници. Обидот за државен удар е потврден од страна на турскиот премиер Бинали Јилдирим и претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Претседателот Ердоган ги повика луѓето да излезат на улиците против обидот за државен удар.http://www.cnn.com/2016/07/15/asia/turkey-military-action/

Заднина Од основањето на турската модерна држава па навака, вооружените сили на Турција извршиле три државни удари, во 1960, 1971 и 1980, а во 1997 година интервенирале преку војниот меморандум. Војската во Турција, од историска перспектива е гледана како заштитник на државата и начелата кој ги воспоставил Мустафа Кемал Ататурк, иако години пред ударот во 2016 година, особено после аферата Егенекон, се сметало дека цивилни службеници почнале да воспоставуваат доминација над војската.

Наводи

Категорија:Воени удари во Турција Категорија:Судири во 2016 година Категорија:2016 во Турција