Тоде Петревски — награда за новинарство, која ја доделува Битолски весник, востановена во чест на прерано починатиот новинар Тоде Петревски († 30 мај 2004), доајен на битолското и македонското новинарство. Наградата традиционално се доделува во градската и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Битола. Првпат била доделена во 2005 година.

Лауреати 2007 - Драган Груевски од Радио Битола; 2008 - Драган Ристевски од Битолски весник; 2013Редакцијата на „Битолски весник“ денеска по деветти пат ја додели наградата „Тоде Петревски“ - Димче Миновски од ТВ Орбис 2014 - Сашо Ристевски од Битолски весник; 2015 - Анета Шијакова од Канал 5 и ТВ Тера; 2016По 11 пат доделена наградата „Тоде Петревски“ - Емилија Сарафска од ТВ Орбис; 2017 - Никола Талевски 2018 - Марјан Танушевски од Медиумска информативна агенција 2019 - Весна Шеровска од Тера Телевизија 2020 - Блаже Докуле - карикатурист и сатиричар; 2021 - Анета Блажевска 2022 - Стевче Митревски од Македонска радио-телевизија 2023 - Маја Богоевска 2024 - Мартин Николовски

Наводи

Категорија:Награди за новинарство Категорија:Култура на Битола Категорија:Македонски награди Категорија:Појавено во 2007 година во Македонија