Национален парк Ретезат ( – национален парк во Романија, поточно во Јужните Карпати. Претставува еден од најголемите планински масиви во Романија. Највисок врв е Пелеага чија надморска висина изнесува 2509 метри. Ретезат на романски значи „отсечен“. Фондацијата 7 светски чуда го предложила Ретезат за ново светско чудо. Оваа планина ја нарекуваат и „земја со сини очи“.

Географија Планината Ретезат позната е како „Трансилваниски Алпи“ и е прва планина која е прогласена за национален парк во Романија. Покрива скоро 500 квадратни километри. Четвртина од планината е повисока од 1800 метри надморска висина. Областа на оваа планина е главно од гранит и ледник. Националниот парк е богат со езера и водопади. Има преку 80 езера од кои најголемо е БукураЕзерото Букура. ЕзератаЕзерата и врвовите на Ретезат на овој масив чинат скоро половина од сите леднички езера во Романија.

Езеро Длабочина на езерото (м) Надморска висина (м) Букура 15,7 2041 Ана 11 1990 Лија 4,3 1910 Заноага 29 1997 Негру 24,8 2036 Геменеле 5,3 1920 Заноага Мика 12,4 1900 Пелеага 4,2 2122 Таул Кустура Маре 9 2226

мини|десно|Езерото Букура мини|десно|Езерото Заноага

На Ретезат постојат повеќе од 55 врвови кои се повисоки од 2000 метри надморска висина. Заради ерозијата на мразот, високите подрачја на планината се многу нестабилни.

Врв Надморска висина (м) Фотографија Пелеага 2509 мини|Пелеага Папуса 2508 мини|Папуса Ретезат 2482 мини|Ретезат Маре 2463 мини|Маре Кустура 2457 мини|Кустура Букура 2433 мини|Букура

Националниот парк Ретезат обилува и со прекрасни водопади од кои најубави се СтанисоараВодопад Станисоара и ЛолаијаВодопад Лолаија.

Растителен свет Растителниот свет е многу богат и сите видови на растенија се заштитени со закон на УНЕСКО. Една третина од вкупната флора на Романија е на оваа планина. Околу стотина видови се ендемски. На Рентезат најмногу има гентијана, жолта гентијана, глуварче, лилјан, вклучувајќи уште околу 1000 вида растенијаГалерија на растителниот свет на Ретезат. Што се однесува до шумските предели на оваа планина, најспецифични се планински бор, швајцарски бор како и џуџест бор кој се наоѓа на покаменитите подрачја.

Животински свет На Ретезат живеат околу 185 вида птици од кои некои се ендемски. Од нив 122 вида редовно се гнездат во овој предел и затоа истиот е значајно птичјо подрачје. Некои од тие видови се црн штрк, златен орел, сив сокол, тетреб, орел-змијар, дрозд. Цицачите чиј дом е Ретезат се во помал број во однос на птиците. Има околу 55 вида цицачи. Тука спаѓаат сив волк, кафеава мечка, алпски мрмот, дивокоза, рис. Чести безрбетници кои се наоѓаат тука се жаба, дождовник, пролетници и неколку ендемски видови пеперуги.

Пристап Најбрзо до планината се стигнува од градовите Лупени, Урикани, Хацег, Петрошани ако се доаѓа од источната или северната страна.

Наводи

Надворешни врски

Официјално мрежно место Мапа на паркот Туристички мапи на Ретезат

Категорија:Планини во Романија Категорија:Планини во Европа Категорија:Национални паркови во Романија Категорија:Биосферни резервати во Романија