мини|Белоопашеста калуѓерка во Националниот парк „Агѓол“ Национален парк Агѓол () — национален парк на Азербејџан. Бил создаден со декрет на претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, во окрузите Агџабеди и Бејлеган, на 5 јули 2003 година на основа на поранешните државни резервати Агѓол, на површина од 179,24 км².

Голем дел од езерото Агѓол, меѓународна признава област со глобално значење, која била прогласена за птичја област и била прогласена за рамсарско место во 2001 година.

Опис

Агѓол, сместен во низината Мил на Кур-Араз има полупустински пејзаж и е важно престојувалиште за птиците преку зимата. Над 140 видови на птици се наоѓаат во паркот, вклучувајќи 89 вида на птици кои тука се гнездат.

Паркот сака да го заштити мочуришниот еколошки систем, како главно зимно место на птиците-преселници и водните птици. Агѓол бил сместен на списокот „на меѓународно важмни мочуришни места за птици“ на УНЕСКО.

Поврзано Список на национални паркови во Азербејџан

Наводи

Надворешни врски

Национален парк Агѓол

Категорија:МСЗП-Категорија II Категорија:Национални паркови во Азербејџан Категорија:Рамсарски места во Азербејџан