Свети Ѓорѓи — македонска православна црква во близина на радовишкото село Лубница. Црквата се наоѓа на неколку стотини метри од селото, од левата страна покрај патот кој води кон Конче.

Архитектура

Црквата има правоаголна основа, со проширено претсобје во предниот дел и со апсида во нејзиниот заден дел. Градбата е обоена со сива боја и е покриена со ќерамиди.

Поврзано Црква „Св. Константин и Елена“ - Лубница Црква „Св. Илија“ - Лубница Радовишко архијерејско намесништво Ињевско-конечка парохија Лубница

Надворешни врски

Категорија:Лубница Лубница