Новруз (, „нов ден“) – традиционален ирански празник Нова година кого го слават сите ирански народи, но и други народи кои се тесно поврзани со иранската култура. Обичајот за славење на Новруз се проширил во многу краишта на светот, вклучувајќи делови од средна и јужна Азија, северозападна Кина како и на полуостровот Крим. 200px|мини|лево|<center>Положба на Земјата во однос на сончевите зрази во време на рамноденицата мини|лево|200px|<center>Симболички релјеф Новруз во Персеполис кој ги прикажува зодијачките знаци за Бик и Лав мини|лево|200px|<center>Софра хафт син во Техеран со седум предмети кои го симболизираат Новруз
Новруз го означува првиот ден на пролетта и почетокот на годината според иранскиот календар. Почнува со пролетната рамноденица која најчесто е на 21 март, односно ден порано или подоцна, во зависност од точката на посматрање. Обележувањето на Новруз датира пред исламското раздобје, а корените ги влече од времето на антички Иран. Тој е важен зороастриски празник кој има големо значење меѓу модерните зороастријци во Иран. Моментот кога Сонцето еклиптички го пресекува небесниот екватор прецизно се пресметува секоја година, а меѓу иранските семејства обичај е да се собираат и да го посматраат тој настан.
Од ахеминидско време службената нова година почнувала со денот кога Сонцето го напушта зодијакот Риби, односно кога ќе влезе во зодијакот Овен, што означува рамноденица или еквиноциј. Еврејскиот празник Пурим најверојатно е преземен од иранскиот НоврузЈудаизам (Енциклопедија британика), кој исто така силно влијаел и на традициите на исмаилиите, алавитите, алевитите, како и бахаиитеБахаиски календар.
Називот Новруз првпат се спомнува во персиските записи од 2 век п.н.е., но одбележуван е уште во времето на владеењето на иранската династија Ахемениди (648-300 п.н.е.), кога народите од бројните сатрапии на Персиското Царство доаѓале да му предадат дарови на персискиот владетел. Симболиката на Новруз е прикажана на релјефите на Дариевата ападана во Персеполис, на кои лав растргнува бик.
Начини на славење мини|<center>Прослава на Новруз во Баку, Азербејџан мини|<center>Курдска прослава на Новруз во Истанбул, Турција Новруз во текот на столетијата се поврзал со многу локални обичаи како што е призивање на Џамшид, митски ирански крал, како и со други верувања и легенди. Начинот на прославување на Новруз се разликува од место до место; од прескокање на оган или поток во Иран до одење преку затегнато јаже, оставање на запалени свеќи на куќниот праг или традиционални игра како коњски трки или традиционално борење во Киргистан. Песните и танците се вообичаени во скоро сите места каде се слави Новруз, како и полусвет семеен или јавен обедNovruz, Nowrouz, Nooruz, Navruz, Nauroz, Nevruz na službenim stranicama UNESCO-a. Децата уживаат и учествуваат во славењето на повеќе начини, како што е украсување на тврдо варени јајца (писаница). Жените имаат клучна улога во организирањето на славењето, но и во пренесувањето на обичаите поврзани со Новруз. Новруз е поттик на вредностите на мирот и заедништвото меѓу генерациите и во рамките на семејството, но и вредностите на соседството, и така И придонесува на културолошката разноликост меѓу различните народи и заедници. Заради тоа Новруз е запишан во списокот на светското наследство во Азија и Океанија во 2009 година.
Наводи
Категорија:Светско наследство во Иран Категорија:Светско наследство во Турција Категорија:Азербејџански празници Категорија:Нова година Категорија:Персиска култура Категорија:Иранска култура Категорија:Верски празници Категорија:Празници во март