Хум (; ; ) — град во средишниот дел на Истра, во Северозападна Хрватска, 7 километри од Роч. Дел е од поширокото подрачје на градот Бузет, иако неговите делови се раштркани. Надморската височина изнесува 349 метри. Според последниот попис од 2011 година имал само 30 жители, но официјално се води како град.Frommer's Eastern Europe, pg. 179, Frommers (2009); ISBN 0-470-39908-2

Историја

Хум официјално се смета како најмал град во светот (технички не е точно). На неговата западна страна, градот е опкружен со ѕидини, а на другите страни, куќите се изградени во одбранбените бедеми. Првпат бил споменат во документи од 1102 година, кога бил наречен „Колм“ (Cholm), од каде потекнува италијанското име „Колмо“. Ѕвоното и кулата за набљудување била изградена во 1552 година, како дел од градската одбрана.Naklada Naprijed, The Croatian Adriatic Tourist Guide, pg. 27, Zagreb (1999); ISBN 953-178-097-8

Парохиската градска црква „Св. Јеромим“ со својата класична фасада била изградена во 1802 година на местото не поранешната црква од локалниот мајстор Јурај Гржинич.

Во црквата се зачувани написи на глаголица, напишани во втората половина на век и се едни од најстарите написи на глаголица во хрватската книжевна култура во средниот век. Градскиот музеј има неколку написи на глаголица.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Градови во Хрватска Категорија:Истарска Жупанија Категорија:Бузет