Џон Стоунс (англиски: John Stones; роден на 28 мај 1994, во Барнсли) — англиски фудбалер, играч од одбраната на Интер и на англиската репрезентација.
Технички карактеристики Главно игра на позицијата централен дефанзивец, но исто така тој може да игра и на позицијата десен бек. Има одлични физички предизпозиции и е многу цврст во физичките двобои, но исто така има и добра техника, добро се снаоѓа во противничките шеснаесетници, вешт во затрворањето на противничките напаѓачи и добар во играта во воздухот.
Клупска кариера Барнсли Роден во Барнсли, Јужен Јоркшир, Стоунс произлегол од младинската академија на ФК Барнсли која му низ настапи за сите младиснки тимови му овозможил да го потпише својот прв професионален договор во декември 2011. Тој го направил своето деби како професионалец на 17 март 2012 година во натпреварот од Чемпионшип лигата Барнсли-Рединг 0-4, влегувајќи на местото на Скот Вајсман во 52-рата минута. Во својот прв натпревар како стартер во професионалната кариера Стоунс го постигнал својот прв гол за Барнсли, во победата на гости со 4-3 по продолженија над Рочдејл во првото коло од Лига купот на 11 август 2012. Една недела подоцна, тој го направил својот прв старт во лигата, во победата со 1-0 против Мидлзборо.
Евертон
Стоунс потпишал пет и пол годишен договор со Евертон на 31 јануари 2013 година, за сума од 3 милиони фунти. Во текот на сезоната 2012-2013 бил неискористена замена во три натпревари од Премиер лигата, но не добил шанса да дебитира.
Своето деби за Евертон го направил против Стивениџ во натпревар од вториот круг на Лига купот одигран на 28 август 2013 година на Гудисон Парк; натпреварот завршил со победа на Евертон по продолженија со 2-1. На 14 септември 2013, Стоунс го направил своето деби во Премиер лигата влегувајќи како замена на местото на Стивен Нејсмит во победата со 1–0 на домашен терен над Челси на 14 септември 2013. На 1 јануари 2014 година, го имал својот прв старт во првенствен натпревар за Евертон во ремито 1-1 против Стоук Сити на Стадионот Британија.
На почетокот на сезоната 2014-2015, Стоунс потпишал нов петгодишен договор со „карамелите“ во трајност до 2019 година. Во текот на сезоната, тој успеал да го истисне ветеранот Силван Дистен од почетната постава, изборувајќи се место до Фил Џагиелка на централните одбранбени позиции, но исто така, имал неколку старта и на позицијата десен бек. На 6 април 2015 го постигнал својот прв погодок за Евертон во победата со 3-0 над Манчестер Јунајтед."Everton 3-0 Manchester United" BBC Sport. 26 April 2015. Retrieved 26 April 2015. Сезоната ја завршил со 30 настапи во сите натпреварувања и еден постигнат гол.
Во текот на летото 2015, Евертон одбиле неколку понуди од Челси за трансфер на Стоунс во „сините“ од кои највисоката изнесувала 30 милиони фунти. Во текот на сезоната 2015-2016, Стоунс станал постојан стартер на позицијата централен одбранбен играч, играјќи 41 натпревар во сите натпреварувања.
Манчестер Сити На 9 август 2016 година, Стоунс потпишал шестгодишен договор со Манчестер Сити а сумата на трансферот изнесувала 47,5 милиони фунти, со што тој станал вториот најскап одбранбен играч во фудбалската историјата, зад Давид Луиз. Благодарение на клаузулата според која би требало да добијат 15% од следната продажба, екипата на Барнсли добила 6,78 милиони фунти од трансферот на Стоунс во Манчестер Сити, износ кој бил поголем од било кој друг надомест за трансфер што го добиле во нивната историја.
Своето деби за Сити Стоунс го имал четири дена подоцна на стартот на новата сезона, кога играл од почетокот во центарот на одбраната како партнер на Александар Коларов во победата со 2-1 над , во првиот натпревар на Пеп Гвардиола на клупата на граѓаните. На 6 јануари 2017, го постигнал својот прв гол за својот нов клуб, стрелајќи прецизно со глава за последниот гол во победата со 5–0 над на Олимпискиот стадион во Лондон во третото коло од ФА купот.
Интер На 30 јули 2026 година, Стоунс како слободен играч му се приклучил на италијанскиот клуб, Интер, потпишувајќи двегодишен договор.
Репрезентативна кариера Стоунс ја претставувал Англија во репрезентациите под 19, под 20 и под 21 година, а од 2014 година настапува за сениорската репрезентација.
Со репрезентацијата под 21 година Стоунс учествувал на Европското првенство 2015 во Чешка.
Своето деби за сениорската репрезентација на Англија Стоунс го направил на 30 мај 2014 во победата со 3-0 во пријатлски натпревар против Перу. Тој исто така бил повикан од Рој Хоџсон на поширокиот список за Светското првенство 2014 во Бразил, но испаднал од конечната листа.
Хронологија на репрезентативните настапи
Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 10 август 2017.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2011-2012 Барнсли ЧМП 2 0 ФАКуп+ЛК 0+0 0 - - - - - 2 0 2012-2013 ЧМП 22 0 ФАКуп+ЛК 2+2 1 - - - - - - 26 1Вкупно Барнсли 24 0 4 1 - - - - 28 1 2013-2014 Евертон ПЛ 21 0 ФАКуп+ЛК 3+2 0 - - - - - - 26 0 2014-2015 ПЛ 23 1 ФАКуп+ЛК 2+0 0 ЛЕ 3 0 - - - 28 1 2015-2016 ПЛ 33 0 ФАКуп+ЛК 2+6 0 - - - - - - 41 0Вкупно Евертон 77 1 15 0 3 0 95 1 2016-2017 Манчестер Сити ПЛ 27 0 ФАКуп+ЛК 4+1 1 ЛШ 9 1 - - - 41 2 2017-2018 ПЛ 18 0 ФАКуп+ЛК 2+4 0 ЛШ 5 3 - - - 29 3 2018-2019 ПЛ 22 0 ФАКуп+ЛК 4+3 0 ЛШ 6 0 КШ 1 0 36 0Вкупно Манчестер Сити 67 0 18 1 20 4 1 0 106 5Вкупно во кариерата 168 1 37 1 23 4 1 0 229 6
Титули Манчестер Сити Премиер лига на Англија : 6 2017-2018, 2018–2019, 2020–2021, 2021–2022, 2022-2023, 2023-2024 ФА Куп : 3 2018-2019, 2022-2023, 2025-2026 ЕФЛ куп : 5 2017-2018, 2018-2019, 2019-2020, 2020-2021, 2025-2026 ФА Комјунити Шилд : 3 2018, 2019, 2024 УЕФА Лига на шампиони : 1 2022–2023 Суперкуп на УЕФА : 1 2023 Светско клупско првенство : 1 2023
Наводи
Надворешни врски
Џон Стоунс на soccerway Џон Стоунс на transfermarkt Џон Стоунс на espn Џон Стоунс на Goal.com
Категорија:Живи луѓе Категорија:Англиски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Барнсли Категорија:Фудбалери на ФК Евертон Категорија:Фудбалери на ФК Манчестер Сити Категорија:Фудбалери на ФК Интер Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Родени во 1994 година Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026