thumb|right|300px|Вила Годи, првата вила на Андреја Паладио
Според монографијата Четири книги за архитектурата (Quattro Libri dell'Architettura) од Андреја Паладио, овој е првиот негов запишан проект. Вилата е порачана од браќата Џироламо, Пјетро и Маркантонио Годи и започната е во 1537, а завршена во 1542, со подоцни измени на задниот влез и градините.
Вилата е необична по тоа што фасадата нема никакви декорации кои ги знаеме од подоцнежните дела на Паладио, по кои всушност тој е познат, како и по други елементи како префинети симетрични пропорции на фасадата и обликувањето на самата структура. Вилата има два апратмана на двете страни од ццентралната оска помеѓу вдлабнатиот влез или лоџија до т.н. salone. Внатрешноста е украсена со фрески од Квалтиеро Падовано и други мајстори.
Вилата и теренот околу неа е отворена за јавноста попладне преку целата година. Во неа се наоѓа и археолошки музеј, со стотици фосили од локалната флора и фауна.
Поврзано Андреја Паладио Паладијанска архитектура Паладијански вили на Венето
Надворешни врски Вила Годи - Лонедо ди Луго Вичентино - (1537)
Категорија:Градби на Андреја Паладио Категорија:Куќи во Италија Категорија:Венето Категорија:Архитектура од 1540-тите