Авги () — село во Општина Лагадина во Солунскиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 267 жители (2021).
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на неколку километри од градот Лагадина, во јужните пазуви на Богданска Планина и на неколку километри од Сухо. Селото се наоѓа на надморска височина од 459 метри.
Историја
Селото е основано во 1920-тите години од страна на грчките бегалци од Турција. Според пописот од 1928 година, селото било чисто бегалско со 28 семејства и 102 жители.
Наводи
Категорија:Лагадина