Душан „Душко“ Радовиќ (; , – ,) – српски поет, новинар, афорист и ТВ-уредник.
Животопис Роден е во Ниш од татко Углеша кој бил машиновозач по потекло од Чачак, а мајка му Софија родена Стефановиќ, била од Ниш.
Бил главен уредник на „Пионерски новини“, уредник на програмата за деца на Радио Белград, уредник на програмата за деца на Телевизија Белград, уредник на весникот „Полетарец“, новинар на „Борба“ и од 1975 година, уредник на Студио Б. Во Белград долга низа години се одржува атлетската трка „Сеќавање на Душко Радовиќ“. Брат му на Душко е познатиот атлетски тренер Бранимир „Брана“ Радовиќ.
Умрел на 16 август 1984 година во Белград. Негов син е Милош Радовиќ.
На најшироката публика И е познат по афоризмите со кои ги будел белграѓаните на брановите на Радио „Студио Б“, кои подоцна се објавени во три книги „Белграде добро утро“. Бил голем љубител на фудбалот и навивач на ФК Партизан.
Некои од неговите песни станале хитови за деца во изведба на детскиот хор „Колибри“:
Мрак () Синиот зајак () Страшен лав () Што е на крајот () Песна за млекото () Татиниот музичар () Здравица (Сè што расте би сакало да расте...) ()
Попознати дела
Капетанот Џон Пиплфокс (1953), радиодрама () Почитувани деца (1954), песни () Смешни зборови (1961), песни () Прикаска ти скажувам (1963), песни и приказни () Че, трагедија која трае (1969 со Матија Беќковиќ), поема () Вуковата азбука (1971), песни Зоолошка градина (1972), песни Белграде, добро утро 1 (1977) () Белграде, добро утро 2 (1981) () Понеделник, Вторник, Среда, Четврток (1983) поезија и проза за деца во четири книги () Белграде, добро утро 3 (1984) ()
Неговите дела се преведени на повеќето значајни светски јазици.
Награди Радовиќ е добитник на најугледните српски награди: Невен Младо поколение Награда на Змаевите детски игри Награда на Стерииното позорје Седмојулска награда
како и диплома на Меѓународната организација за детска книжевност Ханс Кристијан Андерсен.
Познати афоризми Родители, тепајте ги вашите деца штом видите дека личат на вас. Тешко е да се биде дете и да се биде добар. Ако ги решите сите проблеми на своите деца, тие нема да имаат други проблеми освен вас. Да се имаат пријатели, тоа значи да се согласи дека има поубави, попаметни и подобри од вас. Кој не може да го прифати тоа, нема пријатели. Кога некој нема што да каже за тоа што е, најчесто зборува што не е. Не е глуп, не цицал весла, не е мачкина кашлица, не е наивен, не чувал овци...
Галерија
Надворешни врски
Душан Радовиќ на iMDB Писмо до штотуку родените деца од Душко Радовиќ на „Факултети“ Душко Радовиќ за децата и училиштето на „Факултети“ Афоризми од Душко Радовиќ на „Црнобело“ Новогодишна честитка од Душко Радовиќ на „МКД“ Афоризми од Душко Радовиќ за љубовта на „Кафепауза“ Афоризми од Душко Радовиќ за децата на „Дејли“
Категорија:Родени во 1922 година Категорија:Починати во 1984 година Категорија:Луѓе од Ниш Категорија:Српски поети Категорија:Српски новинари Категорија:Српски афористи Категорија:Српски писатели Категорија:Погребани во Алејата на заслужните граѓани на Новите гробишта (Белград)