мини|Грб што претставува елементи. Блазонирање претставува опис или читање на еден грб. Блазон е описот на грбот со техничка терминологија.
Блазонот или описот е всушност најважниот дел од хералдиката. Тоа го претставува грбот, додека самиот цртеж е интерпретација на блазонот, односно емблазонирање. За еден ист блазон може да има различни цртежи, во различен стил. Кога се блазонира еден потполн грб, хиерархијата на блазонирање е следна:
штитот челенката плаштот штитодржачите подножјето (компартментот) мотото знаци на ранг и ордени
Блазонирањето на штитот е доста сложено во зависност од тоа дали грбот е добиен со маршалување или е т.н. прост грб. Во случај на прост грб, блазонирањето се врши по следниов ред:
поделбата на штитот бојата на полето ординарии амблем фигури нивната боја и положба
Извори „Блазонирање“ во Хералдика во Македонија , Јован Јоновски Пристапено на 8 октомври 2006.
Категорија:Хералдика Категорија:Вексилологија