Поторес (, Агија Кирјаки, до 1927 Ποταρές, Потарес)Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Αγία Κυριακή — село во Општина Кукуш во Кукушкиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 18 километри северно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 254 метри.

Историја

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Алексово имало 200 жители ТурциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 165..

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 165 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 212 жители.

Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1926 година, селото било преименувано во Агија Кирјаки.

Демографија

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 236 жители бегалци., додека во 1940 година селото броело 314 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 269 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 268 жители, во 1971 година имало 228 жители, во 1981 година имало 137 жители, додека во 1991 година имало 127 жител. Денеска, населението на селото е 195 жители според пописот од 2001 година.

Наводи

Категорија:Кукуш