Архивска зграда е објект или пак тоа се повеќе објекти, што според локациската, градежно-архитектонскаа и др. пропишани норми ги задоволува основните архивистички стандарди и норми, за да може успешно да се извршува основната дејност на архивот, а тоа е преземање, чување, зашттита, средување, обработка и користење на архивската граѓа.
Архивската зграда треба да исполнува одредени услови, што се однесуваат на: Видот на архивот Територијалната надлежност на која архивот ја врши својата дејност Вкупниот бр. на иматели на архивска граѓа (приоритетни и неприоритетни). Количината на документиран материјал и архивска граѓа, што се создава кај имателите на архивска граѓа Честота на корисници на архивска граѓа.
Додека пак, објектот треба да исполнува основни стандарди: Соодветна локација, урбанистичко – технички услови и можност за доградба или надградба на објектот. Функционална намена на просториите ( депоа, библиотека, читална, сала за состаноци, сала за изложби и сл.) и Техничка опременост на архивот.
Наводи
Категорија:Архивистика