Ново Попово ()Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καρατζαλή - Καλλιρρόη — село во Општина Кукуш во Кукушкиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 35 километри северно од градот Кукуш и на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска висина од 340 метри.
Историја
Селото претставува нова доселеничка населба, изградена во 1928 година на само 1 километар од селото Попово.
Демографија
Во 1940 година селото броело 91 жител. Селото во пописот од 1951 година броело 68 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 93 жители, во 1971 година имало 31 жител, во 1981 година имало 22 жители, додека во 1991 година имало 33 жители. Денеска, населението на селото е 101 жител.
Наводи
Категорија:Кукуш