Бургундски јазик – оилски јазик кој се зборува во Бургундија и особено во подрачјето на Морван.

Доаѓањето на Бургундијците внело германски елементи во галороманскиот говор на жителите. Заземањето на Ниските Земји од страна на војводите од Бургундија го довеле бургундскиот јазик во допир со холандскиот.

Јужните дијалекти по должината на реката Сона, како што е брионе-шаролејскиот, биле под влијание на арпитанскиот јазик.

Ежен де Шамбир го издал „Речникот на Морван“ во 1878 година.Le morvandiau tel qu'on le parle (Морванскиот таков како што се зборува), Roger Dron, Autun 2004, (no ISBN)

Книжевност Освен песните кои датираат од осумнаесеттиот век, има малку останата литература пред XIX век. Во 1854 година папската була Ineffabilis Deus (Неопислив Бог) била преведена на морвански дијалект од опатот Жак-Франсоа Бодио, и на дижонски дијалект од опатот Лереј. Опатот Бодио исто така ги бележел усното предание.

Наводи

Надворешни врски Усно наследство на Бургоња

Категорија:Романски јазици Категорија:Јазици во Франција