Гетинген () — округ (Landkreis) во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се граничи со (од север надесно) округот Нортхајм и со сојузните покраини Тирингија (округ Ајхсфелд) и Хесен (окрузи Вера-Мајснер и Касел).
Историја
Во 1885 година, пруската влада ги основала окрузите Гетинген, Минден и Дудерштат во рамките на Покраина Хановер. Овие окрузи постоеле 88 години, пред да бидат споени во 1973 година да го создадат денешниот округ Гетинген. Во 2016 година ќе биде реорганизиран со додавање на округот Остероде.
Географија
Западната половина на окрузите се протега во Везерското Средногорје. Реката Везер го добива своето име близу градот Хан. Минден, каде Фулда се влева во Вера. На исток се наоѓа реката Лајне, која тече низ округот од југ на север.
Грб
Во горниот дел е хералдичкиот лав на Војводството Брауншвајг-Линебург. Долу е комбинација на грбовите на поранешните окрузи, кои биле припоени во 1973 година за да го создадат денешниот округ: штитот на Минден, сидрото на Гетинген и тркалото на Дудерштат.
Градови и општини
ГрадовиСлободни општиниСлободни областиОпштински заедници Бад Закса Бад Лаутерберг Гетинген Дудерштат Остероде Хан. Минден Херцберг на Харц Аделебзен Бад Грунд Бовенден Валкенрид Глајхен Росдорф Фридланд Штауфенберг Харц1. Дрансфелд Бирен Дрансфелд1, 2 Јинде Ниметал Шеден2. Гиболдехаузен Билсхаузен Бодензе Гиболдехаузен1 Кребек Обернфелд Румшпринге Ролсхаузен Ридерсхаузен Волбрандсхаузен Волерсхаузен3. Радолфсхаузен Ебергецен1 Ландолфсхаузен Зебург Зојлинген Ваке 4. Хаторф на Харц Вулфтен на Харц Елбингероде Хаторф на Харц1 Херден на Харц1седиште на општинската заедница;2град
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Окрузи во Долна Саксонија