мини|250п|Предел во Зихна
Зихна или З’хна, Зихненско или З’хненско (, Зихни) — историско-географска област во источна Егејска Македонија, денес во состав на општините Зелјахово (Неја Зихни) и Ениќој (Амфиполи) во Серскиот Округ. Го опфаќа југоисточниот дел на Серското Поле, меѓу планините Кушница и Сминица (Серски Боздаг). Низ неа тече реката Драматица (Ангиста). Огромен дел од „грчкото“ население споменато во статистиките за областа се впрочем грцизирани Македонци.
Историја Областа го носи името на гратчето Зихна, кој во средновековието бил административен и епископски центар на регионот. Во изворите се споменува за зихненски епископи. Ктитор и основач на манастирот „Свети Јован Претеча“ кај Сер е зихненскиот епископ Јоаким. Со османлиското освојување на крајот на XIV век, градот е разрушен и се претвора во мало селце.
Како регионално средиште се издига соседното Зелјахово, кое во XIX век е центар на каза во Серскиот Санџак. До почетокот на XX век Зелјаховската каза се именува со Зихна. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Зихненската Каза (Caza de Zihna) има вкупно 5.732 домаќинства со 2.551 жител муслимани, 7.241 Македонец, 6.118 Грци и 577 Власи, а истоименото селце Зихна има 38 домаќинства со 56 жители муслимани и 65 Грци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 144-147. Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) во казата бележи 1.606 македонски, 2.041 „грчки“, 514 гагауски и 1.116 турски куќи, а во селото Зихна бележи 33 гагауски и 55 турски куќи.Верковичъ, С.И. „Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“. СПб, 1889, стр. 240-241.
Во 1891 г. Георги Стрезов пишува:
Жителите на малото село Зихна според Стрезов се Грци.Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVII и XXXVIII, 1891, стр. 3.
Според статистиката на Васил К’нчов, кон 1900 г. казата има вкупно 42.407 жители од кои 16.290 се Македонци-христијани, 6.260 Турци, 14.005 Грци, 37 Арнаути-христијани, 710 Власи, 1.205 Роми и 3.900 Гагаузи, а селцето Зихна има 150 жители Турци и 260 жители Турци христијани.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр. 181-182
Според податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 г. во Зелјаховската каза живеат 21.232 Македонци, од кои 12.920 под Цариградската патријаршија и 8.312 Бугарската егзархија, 17.480 Грци, 432 Власи и 3.048 Гагаузи. Во казата работат 3 основни бугарски училишта со 4 учители и 223 ученици, како и 39 основни грчки улилишта со 49 учители и 1.850 ученици.Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, стр. 202-203.
Согласно статистичките истражувања на Јордан Иванов во 1912 г. Зихненската Каза има вкупно 36.090 жители од кои 9.000 Македонци, 6.500 Турци, 16.400 Грци, 375 Власи, 35 Албанци, 420 Роми и 3.360 Гагаузи.Иванов, Йордан. "Българите в Македония". София, 1986, стр. 103.
Сè до 1912 г. од вкупно 48 села во Зихненската Каза, 4 биле гагауски, 18 македонски, 6 „грчки“ (по потекло македонски), 8 со мешано население (Македонци, „Грци“, Турци, Гагаузи) и 12 турски. Помалку Македонци имало во големите села отаде реката Драматица, како Витачишта, Ангиста, Радулево, Ќупќој, Кормишта и други. Во средниот век населението на овие села било исклучиво македонско, но подоцна почнало брзо да се погрчува.Йордан Н. Иванов. "Местните имена между Долна Струма и Долна Места". София, 1982, стр. 17.
Во 1927 г. Зелјахово е преименувано во Неја Зихни, што во превод значи Нова Зихна. Веќе непостоечкото село Зихна и рушевините на средновековната тврдина се познати како Стара Зихна (Παλαιά Ζίχνη, Палеја Зихни).
Потекло на поимот Според Јордан Иванов, името Зихна можеби произлегува од ж’г-, жег- и дијалектното жег - жега, на старословенски жьг, жег и завршеток како оној на зихненското село Клепушна (Агрјани). Промената на почетното ж во з можеби се случила под грчко влијание.Йордан Н. Иванов. "Местните имена между Долна Струма и Долна Места". София, 1982, стр. 127
Литература Васил Кънчов. "Зъхна", во "Избрани произведения", Том I, София, 1970, стр. 85-97
Поврзано Список на села во Зихна Серско Поле
Наводи
Категорија:Историско-географски области во Македонија Категорија:Историско-географски области во Грција Категорија:Историски села во Зелјахово Категорија:Зелјахово Категорија:Тврдини во Егејска Македонија