Уранија Јурукова (родена Пировска; Изглибе, Костурско, 1926 — Скопје, септември 2012) — борец на Демократската армија на Грција (ДАГ).

мини|десно|Уранија Пировска во 1949 година. Во текот на НОБ (1941-1945) — реонски активист на младинската организација ЕПОН за реонот Пополе - Костурско, потоа во Леринско-костурскиот баталјон и Првата егејска ударна бригада. Од август 1945 година се вклучува во редовите на НОФ, АФЖ и работи како реонски и окружен активист и член на Секретаријатот на Главниот одбор на АФЖ. Во редовите на ДАГ стапува во април 1948 година и е произведена во чин капетан. Била член на Организацискиот комитет и на раководството на Комунистичката организација на Егејска Македонија (КОЕМ).

Романот на Петре М. Андреевски „Небеска Тимјановна“ ѝ е посветен на Уранија Јурукова. „Небеска“ е превод на грчкото име „Уранија“, а Тимјановна го носи името на дедото на Уранија, Тимјан (Евтимиос), кој починал во 1943 година. Внуката на Уранија Јурукова, Уранија Пировска, е директор на македонскиот Хелсиншки комитет за човекови права.

Наводи

Надворешни врски Љубомир Костовски „Уранија Јурукова: Колку пати ќе умираме?“ , „Глобус“ Гордана Дувњак „Заминувањето на Небеска Тимјановна“, „Утрински Весник“

Категорија:Луѓе од Изглибе Категорија:Македонски партизани Категорија:Македонци во Грчката граѓанска војна Категорија:Родени во 1926 година Категорија:Починати во 2012 година Категорија:Починати во Скопје