Салих-паша Невесинец (починал на ) — османлиски граѓански службеник и Голем везир.
Младост
Салих-паша по потекло бил од Невесиње, Херцеговина, Босна, и бил испратен во Цариград во малдоста. За време на владеењето на Мурат IV (вла. 1623–1640),тој бил граѓански службеник специјализиран за трезорот. Тој бил и на други позиции исто така и конечно во периодот на владеењето на султанот Ибрахим I (вла. 1640–1648) во 1644, бил назначен за дефтердар, највисоката позиција во трезорот. Во 1645 година, Големиот везир Султанзаде Мехмед-паша бил разрешен. Првиот избор на султанот за местото бил Јусуф-паша. Сепак, Јусуф-паша не прифатил, и Салих-паша бил назначен за Голем везир на 17 декември 1645 година.Ayhan Buz:Osmanlı Sadrazamları,Neden Kitap,İstanbul, 2009 ISBN 978-975-254-278-5 pp.100-101
Голем везир
Најважниот проблем во 1646 година бил војната на Крит, важен остров во Егејското Море, кој бил колонија на Република Венеција во првата половина на век (Погледајте Критска војна (1645–1669). Салих-паша го испратил претходникот Султанзаде Мехмед-паша, на Крит како главен командант (). Кога Мехмед-паша починал наскоро, Гази Хусеин-паша бил назначен за следен командант. Тој бил успешен во завсемањето на Ретимно. Друго поважно прашање во тој период била и непослушноста на Мегрелија, која била вазална држава на Османлиското царство. Салих-паша успеал да го одржи мирот во таа покраина.Joseph von Hammer:Osmanlı Tarihi cilt II (condensation: Abdülkadir Karahan), Milliyet yayınları, İstanbul. p 237-238
Смрт Според австрискиот ориенталист Јозеф фон Хамер-Пургштал, султанот Ибрахим I, неурамнотежен владетел, издал наредба во Цариград да не се движат коли влечени од коњи. Гледајќи дека оваа негова наредба не се почитувала, тој наредил да се погуби Салих-паша. За време на состанок на диванот, Салих-паша бил уапсен и погубен на 16 септември 1647 година.
Поврзано Список на Големи везири на Отоманското Царство
Наводи
Категорија:Паши Категорија:Големи везири на Отоманското Царство од 17 век Категорија:Починати во 1647 година Категорија:Данок во крв Категорија:Погубени Отоманци Категорија:Луѓе од Невесиње Категорија:Отомански Бошњаци Категорија:Родени во непозната година