Гаврил IV Цариградски — вселенски патријарх во периодот од 1780 до 1785 година. По потекло бил од Смирна од богато аристократско семејство. Тој бил епископ во Кунда а подоцна епископ во Јанина сè до април 1771 година кога станал митрополит во Патра. Тој бил доследен следбеник на црковниот ред и закони.
Во 1780 година бил избран за патријарх. За време на начелствувањето го издигнал Анастасиј Париј, кој го разрешил спорот поврзан со коливата и панихидата. Во 1784 година гi објавил обредите на Света Гора.. Починал на 29 јуни 1785 година и бил погребан во истиот гроб со неговиот претходник во дворот на црквата на Арханѓелите.
Наводи
Извори Ecumenical Patriarchate Metropolis of Patras: "The Ecumenical Patriarch and Patra", article history Kostas N. Triantafyllou the newspaper "Peloponnese" (19/10 / 2000)
Категорија:Вселенски патријарси Категорија:Починати во 1785 година