Венетик (, Венетикос) — река во Егејска Македонија, десна притока на Бистрица.
Извира од планината Смолика над с. Авдела, Гребенско и тече на исток. Ја образува впечатливата клисура Портица, па на крај се влева во Бистрица кај с. Раци, Гребенско. Реката е погодна за сплаварење и кајакарење.
Мостови Реката е позната по своите стари турски камени мостови. Во минатото имала 19 моста, од кои највеќето се зачувани.Λύκειο Αγίων Αναργύρων, περιβαλλοντική εργασία Γεφύρια του Βενέτικου Најпознати се Азизагиниот мост кај с. Залово и Портичкиот мост кај с. Спилио. Азизагиниот е најголемиот грбав мост во Македонија и втор во денешна Грција, по оној кај Плака на р. Арахтос, Епир. Изграден е во 1727 г. по нарачка на Азиз-ага. Портичкиот мост се наоѓа на влезот на истоимената клисура. Изграден е во 1743 г. и долг е 13 метри.
Галерија
Наводи
Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Гребен (општина) Категорија:Бистрички слив (егејски) Категорија:Притоки на Бистрица (Егејска Македонија)