Сугарево — село во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Географија и местоположба

Селото Сугарево се наоѓа на 30 километри југозападно од Свети Врач во планински регион, во југозападните делови на планината Пирин. Селото се наоѓа на надморска висина од 955 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 58.075 км2. Климата е преодна средоземна со летни минимални и зимски максимални врнежи. Низ територијата на селото тече Реката Сугаревска, главната притока на реката Мелник.

Историја Османлиско Царство

Во текот на 19 век, селото било чисто македонско и припаѓало кон Мелничката Каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Сугарево (Sougarévo) е село со 15 семејства и 50 МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 189.. Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 236 македонски патријаршистиBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 192-193..

По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, три лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети„Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 881.

Бугарија По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Население +Население на Сугарево по попис Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015 Жители 190 217 228 135 100 69 55 20 19 19

+Население по возраст од 2011 година:

Култура мини|дясно|250п|Внатрешност на црквата „Св. Илија“

Селската црква е посветена на „Свети Илија“. Црквата била изградена во 1856 година од страна на месниот жител Мано Сирманов, којшто сонил сон за да ја изгради. Во голем степен, црквата го задржала својот оригинален облик.Црквата е изградена на раб на една стрмна долина. Крај црквата се наоѓа гробот на Тодор Александров и Панзо Зафиров и гробовите на Симеон Евтимов, Иван Параспуров и Антон Попов. До гробот се стигнува по обележан пат од село Сугарево, и е оддалечено околу 1 километар од селото на северозапад.

Редовни настани

Традиционалниот собир на селото е на празникот Илинден. Личности Родени Ангел Сугарвалијата, деец на ВМОКСилянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том 1, София, 1933, стр. 160. Дино (Динчо) Мицев Сугарски, деец на ВМРО Иван Николов Нојков – Ванката, член на Серския револуционерен округ од 1907 годинаНиколов, Борис. ВМОРО – псевдоними и шифри 1893 – 1934, Звезди, 1999, стр.21

Починати Панзо Зафиров (1896 – 1924), македонски револуционер Тодор Александров (1881 – 1924), македонски револуционер, водач на ВМРО

Наводи

Категорија:Општина Свети Врач Категорија:Села во Пиринска Македонија