мини|десно|250п|Местоположба на Чукотскиот Полуостров во источен Сибир

Чукотски Полуостров () или Чукотка () — полуостров на крајниот североисток на Русија и најисточниот полуостров на Азија, кој на исток завршува со ’ртот Дежњов кај селото Уелен. Се граничи со Чукотското Море на север, Беринговото Море на југ и Беринговиот Проток на исток. Административно припаѓа во Чукотскиот автономен округ.

Полуостровот е именуван во 1728 г. од Витус Беринг, кој го нарекол по месниот народ Чукчи.

Најзастапени стопански гранки се рударството (калај, олово, цинк, злато и јаглен), ловот, одгледувањето ирваси и риболовот.

Домородно население

Домородни народи на полуостровот се Чукчите, Јуитите, Сирениците, Корјаците, Чуванците, Евените и Јукагирите, кои традиционално се хранеле со сирова риба и месо од ирваси. Со индустријализацијата, бројот на ирвасите значајно се намалил, приморувајќи ги да ја заменат здравата исхрана со преработена храна која предизвикува недостаток од витамини и минерали.

Поврзано Чукотско Море Чукотски јазици Чукотски автономен округ Сјуард — полуостров во Алјаска спротива од Чукотка

Наводи

Надворешни врски

География Чукотки Видео ландшафтов и зверей Чукотского полуострова Видео ландшафтов и зверей Чукотского полуострова Чукотская ландшафтная область в книге: Н. А. Гвоздецкий, Н. И. Михайлов. Физическая география СССР. М., 1978.

Категорија:Полуострови во Русија Категорија:Полуострови во Азија Категорија:Чукотски автономен округ